Германската полиција спречи терористички напад врз Берлинскиот полумаратон, објави електронското издание на весникот „Велт“.

Органите на редот уапсиле четири лица, меѓу кои еден главен осомничен кој планирал напади со нож врз гледачи и учесници на спортскиот настан. Според информација на весникот, осомничениот бил близок познаник на Тунижанецот Анис Амри кој изврши напад врз божиќниот базар во Берлин во декември 2016 година во кој загинаа 12 лица.

Мажот одамна бил под надзор од страна на полицијата, поради што не постоела конкретна закана.

Според информации на безбедносните сили, тој сакал да се одмазди за смртта на Амри кој беше застрелан од полицијата во Италија неколку дена по нападот во Берлин.

Извор: МИА