„Гласаме“ – неопходна видео лектира за гласачка свесност

Видео спотот „Гласови!“ е атрактивно, уметничко видео посветено на, како што тоа го нарекуваат креатор(к)ите, гласачката свесност. Овој интересен видео спот е резултат на соработката меѓу организациите Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и ЦИВИЛ.

Првата реакција на тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА по добивањето на финалната верзија од овој динамичен уметнички спот беше:

„Ова е неопходна видео лектира за секој гласач во светот!“

Соработката на овие две организации, едната од областа на уметноста другата од областа на човековите права и слободи, е дел од проектот Election Health Check во организација на невладината организација Unhack Democracy од Унгарија, а со поддршка од Фондот за култура на солидарност на Европската културна фондација.

КОНКРЕТНИ ПОРАКИ ОД УМЕТНИЦИТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊАТА ОД ПРОДЕМОКРАТСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Основна цел на проектот Election Health Check е да произведе серија кратки видеа инспирирани од истражувањата на Unhack Democracy и други организации кои работат на изборниот мониторинг и кои ги идентификуваат суштинските проблеми кои се однесуваат на изборниот интегритет, изборните нерегуларности и измами во Централна и Источна Европа и Балканот. Овој проект вклучува конкретни пораки со кои уметниците од локалниот контекст ги пренесуваат заклучоците од истражувања на продемократските организации од земјите во кои работат.

Во процесот на создавањето на видеото Гласови! тимот на Локомотива, Скопје го покани уметникот Филип Јовановски, визуелен уметник и културен работник кој работи на социјално ангажирани и интердисциплинарни уметнички проекти, заедно да го создадат уметничкото решение за видеото. За основата на ова видео Локомотива ги користеше истражувањата на ЦИВИЛ кои се фокусирани на заштита на изборниот интегритет и процес.

Видео спотот „Гласаме!“ е достапен и во кратка верзија.

УМЕТНИЦИТЕ, АКТИВИСТИТЕ И ЕКСПЕРТИТЕ ЗАЕДНО ЗА ГЛАСАЧКА СВЕСНОСТ

Суштината на проектот е пренесување на уметничка видео порака која користи факти, конкретни истражувања и извештаи направени од невладини организации кои работат како набљудивачи на демократските процеси во државата.

Повеќенационалниот проект Election Health Check е координиран од продемократската група Unhack Democracy. Проектот има цел да произведе серија видеа создадени од креативни тимови  инспирирани од истрагите на Unhack Democracy и набљудувачите на избори – ЦИВИЛ (Северна Македонија) и Црта (Србија) за изборни нерегуларности и измами во Унгарија, Северна Македонија и Србија.

Видеата се создадени од познати организации, локални уметници и активисти од овие земји кои се залагаат за солидарност и систематска промена, за заштита на изборниот интегритет со цел разоткривање на злоупотребата на изборните процеси и гласачите. Видеата поставени на Јутуб, социјалните медиуми и емитувани на неколку телевизии во секоја од земјите каде што се спроведува проектот, ќе имаат информативна цел и треба да ги известат гледачите за нивните граѓански права, и да ги охрабрат  активно да учествуваат во демократскиот процес.

Видеото „Гласови!“ е креирано од Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во соработка со ЦИВИЛ како дел од проектот Election Health Check на Unhack Democracy и е создадено и поддржано од Европската фондација за култура и Фондацијата за слобода Фридрих Науман.

Фондацијата за слобода Фридрих Науман не е одговорна за содржината на ова видео или за начинот на кој може да биде употребено. Ставовите изразени овде се само на автор/ите. Овие ставови не ги одразуваат ставовите на Фондацијата за слобода Фридрих Науман.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …