Гласањето ќе биде со целосна заштита. Безбедно е, важно е, на 15 јули излези и гласај!

Гласањето ќе биде со целосна заштита. Безбедно е, важно е, на 15 јули излези и гласај!

Александар Ѓорѓиоски – Кандидат за пратеник на СДСМ во И.Е. 4

Почитувани,

Протоколите за заштита од коронавирусот, обезбедија функционирање во ново нормално секојдневие, каде носењето на заштитна опрема е редовна обврска.

На тој начин, се отворија бизнисите, а животот се нормализира по нови правила. Со почитување на мерките, можеме да пазариме, да одиме во угостителски објект, да користиме јавен транспорт, да бидеме заштитени.

Она што е исклучително важно за изборниот процес, е фактот дека институциите и стручните здравствените експерти, подготвија сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето при гласањето.

Протокол, кој обезбедува максимална заштита за гласачите, набљудувачите, членовите на избирачките одбори и на сите учесници во изборниот ден.

Државата има капацитет да спроведе здравствено безбедни избори.

Со строго почитување на сите заштитни мерки, секој граѓанин ќе може да го оствари своето право на глас, без закана по сопственото или здравјето на другите.

Почитувани граѓани,

Исклучително е важно на такви безбедни избори, да излеземе и да го оствариме своето уставно загарантирано право на глас..

Важно е да обезбедиме нови функционални и целосно легитимни институции, кои ќе им служат на граѓаните и ќе се грижат за сите подеднакво.

Важно е за економијата, важно е за државата и иднината.

Да излеземе на изборите на 15 јули. Да го продолжиме правиот пат со кој носиме нова развојна екномија, повисоки плати и пензии за сите, нови работни места и можности за младите, враќање на уште повеќе пари назад кај граѓаните.

Заедно можеме и ќе ја спречиме обновата на режимот, која ја нуди послушникот на унгарскиот бегалец Груевски, Христијан Мицкоски.

Заедно можеме, уште повеќе и уште подобро!

Прочитајте повеќе

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се’ помалку пари во џебовите

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се’ помалку пари во џебовите

За овие 100 дена Владата не покажа никаков интерес за граѓаните, за компаниите, ниту пак …