Балкан

Вести од Балканот

Џозеф – Однесувањето на Бугарија кон С. Македонија е сè, само не пријателско

Само граѓаните на оваа земја може да кажат што е закана за македонскиот идентитетот, тоа не може да го каже никој од страна, ниту ЕУ, ниту САД, изјави денеска професор Едвард П. Џозеф од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс од САД при неговата посета на Скопје. …

Прочитајте повеќе »

С. Македонија и Албанија одржаа скрининг состанок со Евростат за поглавјето Статистика

Делегации од Северна Македонија и Албанија во петокот, на 16 септември одржаа објаснувачки скрининг состанок заедно со повеќе од 30 претставници од Евростат како дел од процесот на преговори за пристапување кон Европската Унија (ЕУ). Процесот на преговори за влез во ЕУ на двете земји беше започнат на 19 јули годинава преку …

Прочитајте повеќе »

Српското обвинителство најави истрага за сите напади за време на Европрајд

лгбт знаме прајд

Српското обвинителство во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе направи сè за да ги открие и гони лицата кои го предизвикаа насилството во саботата за време на прошетката на Европрајд, порача обвинителот во Белград, Ненад Стефановиќ, пренесе Н1. „Посебно нагласувам дека обвинителството ќе ги насочи сите расположливи капацитети за утврдување …

Прочитајте повеќе »

Ситуацијата во Косово главна тема на Советот за безбедност на Србија

Вучиќ

Состанокот на Советот за национална безбедност на Србија, на кој се разговара за ситуацијата на Косово, ќе се одржи денеска во Белград, соопшти Претседателството на Србија. Како што е најавено, останатите теми на седницата со почеток во осум часот се одржувањето на Европрајд во Белград и сајбер безбедноста во енергетскиот …

Прочитајте повеќе »

Ковачевски и Донев на состанок за справување со последиците од енергетската криза

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Софија оствари работна средба со премиерот на Република Бугарија, Галаб Донев, по што беа одржани работни состаноци со ресорите од секторите економија и енергетика од двете земји. Во состав на официјална делегација на работните состаноци присуствуваа Бујар Османи, министер за надворешни работи, Крешник Бектеши, министер …

Прочитајте повеќе »

Премиерот Ковачевски предводи делегација во работна посета на Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за надворешни работи Бујар Османи и за економија Крешник Бектеши, со директорот на ЕСМ Васко Ковачевски како и со претставници од ресорите економија и енергетика, денеска е во работна посета на Бугарија, со цел справување со последиците од светската енергетска криза. Во рамки на …

Прочитајте повеќе »

Можни нови тензии на Косово и околу смената на регистарски таблички издадени од Србија?

Косово, Србија и мировниците на НАТО се подготвуваат за евентуален нов бран етнички тензии денеска, неколку часа откако Приштина објави дека околу 50.000 етнички Срби кои живеат во северно Косово ќе имаат рок од два месеца да ги сменат нивните регистарски таблички на автомобилите. Косово, кое е претежно етнички Албанци, …

Прочитајте повеќе »

Од 1-4 септември, македонските вина на Саемот на храна и вино во Белград

На синоќешната седница на Владата беа усвоени повеќе извештаи за завршени преговори и утврдени текст-документи во рамки на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, а кои ќе бидат финиширани за време на посетата на делегација на Владата во Белград, по повод одржувањето на Саемот на храна и вино, од 1-4 септември, дел …

Прочитајте повеќе »