Глобус

Вести од светот

Двајца Руси починале за неколку дена во ист хотел во Индија

Двајца Руси починале за неколку дена во ист хотел во Индија

Двајца Руси починале во ист хотел во источниот индиски град Рајагада под мистериозни околности. Милионерот Павел Антов бил пронајден како лежи во локва крв пред хотелот на 24 декември, неколку дена откако друг Русин, Владимир Бајденов, кој го придружувал Антов, наводно починал од мозочен удар. Антов, кој наводно бил поранешен …

Прочитајте повеќе »

Речиси 9 милиони Украинци без електрична енергија

Речиси 9 милиони Украинци без електрична енергија

Електричната мрежа на Украина сѐ уште е тешко оштетена. Претседателот и министерот за енергетика стравуваат од нови руски напади врз инфраструктурата. Според Зеленски ситуацијата на фронтот во Донбас е „тешка и болна“. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во неговото редовно видео обраќање изјави дека ситуацијата на фронтот во регионот Донбас е тешка и …

Прочитајте повеќе »

Поставена барикада во мултиетничката населба Бошњачка Махала во Северна Митровица

Поставена барикада во мултиетничката населба Бошњачка Махала во Северна Митровица

Денеска е поставена барикада во мултиетничката населба Бошњачка Махала во Северна Митровица. Оваа населба се наоѓа помеѓу Јужна Митровица, каде мнозинството се Албанци, и Северна, каде живее мнозинско српско население. Од полицијата потврдија и дека е подигната нова барикада на главниот пат кој го поврзува југот на Митровица со општина …

Прочитајте повеќе »

Болниците во Кина преплавени со нови случаи на ковид-19

Болниците во Кина преплавени со нови случаи на ковид-19

Во повеќе од три децении што ги минал на болнички оддели за итни интервенции, досега не забележал толку голема навалица, вели Хауард Бернстајн, лекар во една приватна болница во Пекинг. Во болницата каде што работи постојано доаѓаат сѐ повеќе и пациенти, најголемиот дел од нив постари, а многумина се со …

Прочитајте повеќе »

Хрватската куна на Нова година се заменува со еврото

Хрватската куна на Нова година се заменува со еврото

Хрватската куна, откако повеќе од 28 години се користи како службена пари, на Нова година ќе биде заменета со евро, повеќе од 500 милиони парчиња книжни пари и околу 5.200 тони монети ќе бидат испратени на уништување. Куните како хартиени и метални пари и липите како монети во апоени помали …

Прочитајте повеќе »

САД: Расте бројот на жртви од снежната бура

САД: Расте бројот на жртви од снежната бура

Над 30 лица загинаа во САД како последица на екстремните студови предизвикани од снежната бура „Елиот“. Се очекува бројот на жртви да расте. Во некои делови од земјата се измерени температури под 40 степени. Снежната бура „Елиот“ веќе три дена беснее во САД. Најмалку 30 лица починаа како последица на екстремните …

Прочитајте повеќе »

Вагон со амонијак се преврте кај Пирот во Србија, над 50 лица со симптоми на труење

Вагон со амонијак се преврте кај Пирот во Србија, над 50 лица со симптоми на труење

Вагон со амонијак се превртел вечерва на железничката делница кај Пирот во Србија, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата. Според информациите од Универзитетскиот клинички центар во Ниш, осум лица се хоспитализирани поради симптоми на труење. Примени се вкупно десет лица, а двајца се пуштени на домашно лекување. Во болницата …

Прочитајте повеќе »

КФОР потврди дека имало пукање во близина на патролата во Зубин Поток

КФОР потврди дека имало пукање во близина на патролата во Зубин Поток

Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, за медиумите во Косово соопшти дека „слушнала и видела“ истрели во близина на една од нејзините патроли во Зубин Поток, една од четирите општини населени со мнозинско српско население на северот на Косово. Настанот бил забележан во неделата вечер, а КФОР соопшти дека нема …

Прочитајте повеќе »