Глобус

Вести од светот

(Видео) Европол растури кокаински „суперкартел“

kokain

Запленети се тони дроги, уапсени се бројни криминалци: на европската агенција Европол и` успеал голем удар против кокаински „суперкартел“. Во координирани рации извршени во повеќе европски земји, како и во Обединетите Арапски Емирати, приведени се вкупно 49 осомничени, соопшти европската полициска служба Европол денеска во Ден Хаг. Меѓу приведените се …

Прочитајте повеќе »

Трагичен биланс на невремето на италијанскиот остров Искија

Властите на италијанскиот остров Искија го продолжуваат расчистувањето по катастрофалното невреме кое однесе најмалку седум жртви. Обилниот дожд и силниот ветар во саботата предизвикаа огромни штети во северниот дел од островот Искија. Низ улиците течеа реки кал и камења, оштетувајќи според официјалните информации најмалку 30 згради. Од копното на островот …

Прочитајте повеќе »

Словенците изгласаа закон за деполитизација на јавната телевизија

Словенците на вчерашниот референдум се изјаснија за закон со кој се спречуваат политичките назначувања на јавната телевизија, откако медиумската клима во земјата се влоши за време на претходниот премиер Јанез Јанша. Изборната комисија ги објави резултатите, според кои повеќе од 62 отсто од гласачите дале согласност законот да стапи во …

Прочитајте повеќе »

Уапсена внуката на Хамнеи во Иран по нејзината осуда на режимот

Иранските власти ја уапсија внуката на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, откако таа снимила видео во кое властите предводени од нејзиниот вујко ги опишува како „убиствен режим и убивачи на деца“. Фаридех Морадкани потекнува од гранка на семејството кое има историја на спротивставувања на свештеничкото раководство на Иран, а и …

Прочитајте повеќе »

Во акција на полицијата на Црна Гора и Албанија запленет кокаин вреден 40 милиони евра

Црногорската полиција соопшти дека запленила 430 килограми кокаин. Во акција на албанската и црногорската полиција и обвинителствата на тие две земји, како што се наведува во соопштението, се уапсени десет државјани на Албанија. Вредноста на запленетата дрога е околу 40 милиони евра. Во акцијата е одземено оружје, три автомобили и …

Прочитајте повеќе »

Воената инвазија ја чини Русија 28 милијарди долари, во Украина исчезнати над 15.000 лица

Повеќе од 15.000 лица се водат како исчезнати од почетокот на воената агресија на Русија врз Украина на 24 февруари годинава, соопшти канцеларијата на Меѓународната комисија за исчезнати лица лоцирана во Кијив, пишува Гардијан. Програмскиот директор на оваа комисија за Европа, Метју Холидеј вели дека нема прецизни податоци колку лица се насилно …

Прочитајте повеќе »

Во Алжир 49 лица беа осудени на смрт поради линч на човек обвинет за подметнување пожар

Судот во Алжир осуди 49 лица на смрт за линч на човек за кој мислеле дека предизвикал шумски пожар во минатата година. Казните најверојатно ќе бидат заменети со доживотен затвор поради мораториумот на егзекуциите, јавува Би-Би-Си. Судот осуди 28 лица на казни од две до 10 години затвор за други …

Прочитајте повеќе »

ФОТО ВЕСТ: Киев во мрак

По руските напади врз украинската електродистрибутивна мрежа, постојано се случуваат прекини во снабдувањето со струја. Од прекините е погоден и главниот град Киев. По руските напади врз украинската електродистрибутивна мрежа, постојано се случуваат прекини во снабдувањето со струја. Од прекините е погоден и главниот град Киев.

Прочитајте повеќе »