Глобус

Вести од светот

Прва размена на женски затвореници меѓу Украина и Русија

Украина соопшти дека била спроведена уште една „голема“ размена на затвореници со Русија, опишувајќи ја оваа како прва целосно размена на жени од почетокот на руската инвазија врз Украина. Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот, на Телеграм рече дека до размената дошло вчера и оти биле ослободени 108 жени. …

Прочитајте повеќе »

Трас се извини за грешките, но на оставка не ни помислува

Британската премиерка Лиз Трас призна дека грешела во својот економски концепт, но цврсто се држи за функцијата. „Сакам да преземам одговорност и да се извинам за грешките кои се направени. Сакав да дејствувам за да им помогнам на луѓето во плаќањето на нивните сметки за енергија и да го решам …

Прочитајте повеќе »

Во падот на рускиот авион во градот Јеиск загинаа 13 лица

Најмалку 13 лица, меѓу кои три деца, загинаа при уривањето на руски воен авион во населбата Јеиск, на брегот на Азовското Море кај Украина, соопштија руските власти за преживеаните. „Вкупниот број на жртви е 13, меѓу кои три деца, а 19 лица се повредени“, соопшти Министерството за вонредни ситуации. При …

Прочитајте повеќе »

ФОТО ВЕСТ: Климање со глава и пиење чај

Околу 2300 делегати учествуваат деновиве во Пекинг на Конгресот на Комунистичката партија на Кина, главно како декор. Делегатите немаат што да кажат, сите одлуки се донесени уште претходно. Но, мноштвото луѓе е потребно пред се` како кулиса за демонстрацијата на моќ на  претседателот Ши Џинпинг.  За на делегатите да не им …

Прочитајте повеќе »

Германија: Сиромаштија во богата земја

Во Германија, една од најбогатите земји во светот – секој шести граѓанин е на работ на сиромаштија. Кој сѐ се смета за сиромашен во Германија и колку пари се потребни за да се преживее и живее во оваа земја? Пишува: Сабине Кинкарц Бездомници кои спијат на улица, мајки кои се …

Прочитајте повеќе »

Лајчак во Белград на средба со Вучиќ

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, денеска во Белград ќе разговара со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Главни теми на средбата треба да бидат енергетиката, прашањето за регистарските таблички и продолжувањето на бриселскиот дијалог на највисоко ниво. Лајчак во петокот престојуваше во ненајавена посета …

Прочитајте повеќе »

Руските сили го убиле главниот диригент на театарот во Херсон, не сакал да учествува на концерт

Руски војници го застрелале во неговиот дом главниот диригент на Херсонскиот музичко-драмски театар Јуриј Керпатенко, откако тој одбил да учествува на концерт во окупираниот Херсон, соопшти украинското Министерство за култура, а пренесе весникот Гардијан. Диригентот Јуриј Керпатенко одбил да учествува на концертот на 1 октомври и да диригира со камерниот оркестар …

Прочитајте повеќе »

Без страв од атомската закана на Путин

Со оглед на воените успеси на Украина и испораката на западно оружје, Путин наскоро ќе има само една опција: атомска бомба, предупредуваат некои експерти. Овој наратив е погрешен и опасен, вели Јоша Вебер. Стравот не` парализира. Стравот нè ослабува. Стравот спречува да се видат работите јасно. И ништо повеќе не нѐ плаши …

Прочитајте повеќе »