Глобус

Вести од светот

Делови од Европа страдаат од суша, во Велика Британија прогнозите се дека ќе трае до октомври

Велика Британија се подготвува за сушен период што би можел да трае до октомври годинава, при што се предвидува дека нивоата на реките ќе бидат ниски и исклучително ниски во централна и јужна Англија, појаснуваат од Центарот за екологија и хидрологија на Обединетото Кралство, пренесува Гардијан. Сушниот период може да има …

Прочитајте повеќе »

Уапсени руски шпиони во Украина, планирале да го убијат министерот за одбрана

министерот за одбрана на Украина

Украинските власти соопштија дека уапсиле две лица кои работеле за руските разузнавачки служби и имале задача да го убијат украинскиот министер за одбрана, како и раководителот на национална служба за воено разузнавање и неименуван украински активист, пренесува Гардијан. Двете лица се веќе во притвор, а работеле за руската воено-разузнавачка агенција ГРУ. Едно …

Прочитајте повеќе »

ФБИ изврши претрес на имотот на Трамп во Флорида

доналд трамп

ФБИ изврши претрес во понеделникот во одморалиштето Мар-а-Лаго на Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, како дел од истрагата за постапување со претседателските документи, вклучително и доверливи документи, кои можеби биле донесени таму, пренесе Си-Ен-Ен. Поранешниот претседател потврди дека агенти на ФБИ биле во Мар-а-Лаго и рече дека тие дури и …

Прочитајте повеќе »

ОН бара пристап за инспектори во нуклеарната електрана во Запорожје, борбите продолжуваат

Запорожје украина гранатирање

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш упати апел на меѓународните инспектори да им биде овозможен пристап во нуклеарната електрана во Запорожје, која е под руска окупација од изминатава пролет, јавува Гардијан. Гутереш изјави дека било каков напад врз нуклеарната електрана е самоубиствен чин. Гранатирањата од двете страни во конфликтот продолжија …

Прочитајте повеќе »

Загриженост за нуклеарната безбедност по гранатирањето на украинската нуклеарна централа Запорожје

нуклеарна запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на итен прекин на секоја воена акција во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје, предупредувајќи на многу реален ризик од нуклеарна катастрофа, јавува „Би-би-си“. Шефот на агенцијата, Рафаел Маријано Гроси, рече дека е крајно загрижен од извештаите за гранатирање на оваа нуклеарна електрана, која е најголема …

Прочитајте повеќе »

Косовската полиција ја уапси и ѝ забрани влез во земјата на руската новинарка Дарија Асламова

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, синоќа го потврди апсењето на руската државјанка Дарија Алсамова, новинарка во весникот „Комсомолска Правда“, на северот од земјата. Преку објава на Фејсбук, Свечла рече дека многу земји докажале дека таа се занимавала со шпионажа за руското воено разузнавање и дека дејствувала под …

Прочитајте повеќе »

Анџела Прајс Агелер потврдена за нова амбасадорка на САД во Скопје

Анџела Прајс Агелер е потврдена за нова амбасадорка на САД во Северна Македонија, објави на Твитер демократското мнозинство во Сенатот. Минатата недела, Сенатската комисија за надворешни работи имаше сослушување за нејзината номинација, на кое таа рече дека „ќе работам да ѝ помогнам на Северна Македонија да развие национална стратегија со …

Прочитајте повеќе »

Зеленски ја обвини АИ дека се обидува да и даде амнестија на „терористичката“ Русија

Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски а ја обвини Амнести Интернешнл (АИ) за „обид да и даде амнестија на терористичка држава“ Русија, откако невладината организација го обвини Киев дека ги загрозува цивилите во војната со Москва. „АИ ја префрла одговорноста од агресорот врз жртвата“, рече тој. Претходно шефот на украинската дипломатија Дмитро …

Прочитајте повеќе »