Глобус

Вести од светот

ОН бара итен прекин на борбите и пристап до нуклеарната електрана во Запорожје

нуклеарна запорожје

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) одржа итен состанок во врска со ситуацијата во нуклеарната електрана во Запорожје, која од пролетва се наоѓа под руска окупација. Рафаел Гроси, шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, рече дека е екстремно критична. Откако неколку …

Прочитајте повеќе »

Вашингтон Пост: Агентите на ФБИ барале документи за нуклеарно оружје при претресот кај Трамп

доналд трамп

ФБИ се обиде да пронајде доверливи документи поврзани со нуклеарно оружје, меѓу другите предмети, кога агентите го претресоа одморалиштето Мар-а-Лаго на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, оваа недела, изјавија за Вашингтон пост луѓе запознаени со истрагата, пренесе Си-Ен-Ен. Според овој извор, не е познато дали такви документи се најдени …

Прочитајте повеќе »

Во Софија повторно протест #ГаzWithMe против намерата на техничката влада да се купува руски гас

Софија протест #ГаzWithMe

Стотици демонстранти се собраа вчеравечер пред Кабинетот на претседателот на Бугарија, во најстрогиот центар на Софија, да протестираат против намерите на техничката влада на Бугарија повторно да купува гас од руски Газпром, јави mediapool.bg. Ова е вториот протест #ГаzWithMe – првиот се случи пред една седмица. „Гасот од внатрешно-политички проблем веќе …

Прочитајте повеќе »

Уништени најмалку осум воени авиони во нападот врз руската база на Крим

руски воен авион

Најновите сателитски снимки од 10 август од руската воена база Саки на Крим покажуваат големи штети и уништени руски воени авиони по експлозиите кои се случија завчера во рамките на оваа воздухопловна база, пишува Гардијан. Во експлозиите се уништени најмалку осум воени авиони, а засега останува нејасна причината поради која настанале експлозиите. …

Прочитајте повеќе »

Во Кина нов вирус што предизвикува треска и малаксаност, најверојатно е пренесен од животно

лабораторија тестирање ковид-19

Научници во источна Кина следат нов вирус што најверојатно е пренесен од животни, а досега со него се заразени 35 лица, јави Би-Би-Си. Новиот Лангја хенипавирус (LayV) е идентификуван кај пациенти во кинеските провинции Шангдонг и Хенан. Кај значителен број од 35-те пациенти се појавиле треска, малаксаност и кашлица. Се смета …

Прочитајте повеќе »

Во руското гранатирање на Никопол загинаа најмалку 13 лица

руското гранатирање на Никопол

Во синоќешното гранатирање на градот Никопол во Днипропетровскиот регион загинаа најмалку 13 лица, а најмалку 11 цивили се повредени, јавува Укринформ. Погодени се станбени населби во градот, лоциран од десната страна на реката Дњепар. Руските сили, кои се наоѓаат на левата страна на реката во регионот Запорожје, истрелале 80 ракети и погодиле …

Прочитајте повеќе »

Делови од Европа страдаат од суша, во Велика Британија прогнозите се дека ќе трае до октомври

Делови од Европа страдаат од суша, во Велика Британија прогнозите се дека ќе трае до октомври

Велика Британија се подготвува за сушен период што би можел да трае до октомври годинава, при што се предвидува дека нивоата на реките ќе бидат ниски и исклучително ниски во централна и јужна Англија, појаснуваат од Центарот за екологија и хидрологија на Обединетото Кралство, пренесува Гардијан. Сушниот период може да има …

Прочитајте повеќе »

Уапсени руски шпиони во Украина, планирале да го убијат министерот за одбрана

министерот за одбрана на Украина

Украинските власти соопштија дека уапсиле две лица кои работеле за руските разузнавачки служби и имале задача да го убијат украинскиот министер за одбрана, како и раководителот на национална служба за воено разузнавање и неименуван украински активист, пренесува Гардијан. Двете лица се веќе во притвор, а работеле за руската воено-разузнавачка агенција ГРУ. Едно …

Прочитајте повеќе »