Глобус

Вести од светот

Најмалку 17 загинати во ракетен напад во Одеса

Најмалку 17 лица загинале, а десетици други се повредени во руски ракетен напад врз станбена зграда и рекреативен центар во јужниот крајбрежен регион Одеса во текот на ноќта. Нападот доаѓа еден ден откако украинските сили се пофалија дека повторно го освоиле стратешкиот Змиски остров во близина на Одеса. Украинската државна …

Прочитајте повеќе »

Вучиќ: Србија е подготвена за дијалог, но косовската страна не е

Во овој момент нема дијалог меѓу Косово и Србија, изјави синоќа претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Белград по средбата со специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак. Вучиќ и Лајчак требаше да одржат заедничка прес-конференција, но како што рече Вучиќ потоа се договориле …

Прочитајте повеќе »

Србија и Црна Гора ги збиваат редовите

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ за својата прва официјална посета ја избра Србија. Се чини дека кризата поради војната во Украина ги поттикна политичарите на двете земји да ги збијат редовите. Дипломатските односи меѓу Србија и Црна Гора не се на завидно ниво, а таквата состојба трае од прогласувањето на црногорската …

Прочитајте повеќе »

НАТО се спрема за соочување со Кина: Противник или предизвик?

Светските медиуми ги анализираат варијантите „како НАТО на Самитот во Мадрид ќе ја опише Кина – како противник или како системски предизвик“. На самитот оваа недела, НАТО би можел да ја означи Кина како „системски предизвик“ за безбедноста на членките во документот на таканаречениот стратегиски концепт кој ги дефинира приоритетите …

Прочитајте повеќе »

Ситуацијата во Лисичанск е многу тешка, велат украинските власти

Руските сили продолжуваат со неселективни напади на градот Лисичанск, а регионалните власти ја опишаа ситуацијата како „многу тешка“. Лисичанск е последното украинско упориште на исток. „Руските сили се обидуваат да го опколат градот“, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина на 29 јуни. Британското Министерство за одбрана во својот дневен …

Прочитајте повеќе »

Турција попушти, Финска и Шведска влегуваат во НАТО

Претседателот на Финска соопшти дека Турција ја повлекла блокадата за влез на неговата земја во НАТО, заедно со Шведска, во пресрет на самитот на Алијансата во Мадрид. Претседателот на Финска Саули Ниинисо соопшти дека лидерите на трите држави потпишале заеднички договор по разговорите во вторникот. Меморандумот „потврдува дека на самитот …

Прочитајте повеќе »

Бројката на загинати во ракетираниот трговски центар во Украина се искачи на 18, 36 лица се водат како исчезнати

ракетираниот трговски центар во Украина

Бројката на загинати во рускиот ракетен напад на трговски центар во украинскиот град Кременчук вчера попладне, рано утрово се искачи на 18 загинати, и 59 повредени, од кои 25 се пренесени во болница, објави Укриформ. Сè уште се трага по 36 лица што се водат како исчезнати. При нападот, во трговскиот …

Прочитајте повеќе »

Во камион во Тексас пронајдени 46 мртви мигранти

На периферијата на Сан Антонио, во американската сојузна држава Тексас, во камион се пронајдени десетици тела на мигранти. Локалната противпожарна служба во Сан Антонио соопшти дека во камионот имало тела на 46 мигранти, а 16 луѓе биле пронајдени живи и однесени се во болница. Меѓу преживеаните има и четири деца. …

Прочитајте повеќе »