Глобус

Вести од светот

Данска на референдум за поништување на 30-годишната одбранбена воздржаност од ЕУ

Данските гласачи денеска решаваат дали да ѝ се приклучат на одбранбената политика на Европската унија. Данска е единствената членка на блокот од 27 нации што не е во Заедничката безбедносна и одбранбена политика, бидејќи обезбеди исклучоци од неа и од евро валутата на референдумот во 1993 година за Договорот од …

Прочитајте повеќе »

Поглед од Бугарија: Софија може да го добие тоа што го сака од Скопје

Замката во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија може лесно да се разбие и неутрализира. Потребно е само здрав разум и малку добра волја. Така Бугарија може да го постигне тоа што го сака. Пишува Даниел Смилов Бугарија не сака од Северна Македонија територија, ресурси, дури ни взаемно корисни проекти, …

Прочитајте повеќе »

Почна летната сезона – масовно се заминува на работа покрај море

„Се нуди плата од 800 до 1.000 евра, се бара келнер/шанкер, 9 работни часа“ – ова е само еден од многубројните огласи за сезонска работа во Загреб, Хрватска. Почна летната сезона – оваа година „хит“ дестинација за сезонска работа во угостителството е токму Хрватска, пишува Порталб. Платите достигнуваат и до 1.500 …

Прочитајте повеќе »

Двајца руски војници осудени за воени злосторства во Украина

Харков опкружен и бомбардиран

Судот во североисточниот украински град Котелва осуди двајца руски војници на по 11 и пол години затвор, откако ги прогласи за виновни за кршење на воени злосторства. Ова е втора пресуда за воени злосторства од почетокот на руската инвазија во февруари. Заробените војници Александар Иванов и Александар Бобикин беа осудени …

Прочитајте повеќе »

ЕУ се договори за делумно ембарго на руската нафта

Земјите-членки на ЕУ договорија нов пакет санкции со кој веднаш се намалуваат повеќе од две третини од увозот на руска нафта во блокот. Ова на социјалната мрежа Твитер го напиша претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Ова ембарго ја покрива само руската нафта која е транспортирана по море, дозволувајќи привремено …

Прочитајте повеќе »

Спорот за ембаргото на руската нафта се заканува да го засени самитот на ЕУ

Унгарската блокада на новите санкции против Русија предизвикува проблеми во ЕУ со недели. Дури и далекосежниот компромисен предлог непосредно пред специјалниот самит на ЕУ се чини нема да го има посакуваниот ефект. Тековниот спор околу плановите на Европската унија за ембарго на руската нафта се заканува да го засени претстојниот самит на …

Прочитајте повеќе »

Украина започна контраофанзива во Херсонскиот регион, Русија води борби за Северодоњецк во Донбас

Уништен руски тенк

Украинската војска започна офанзива во Херсонскиот регион на југот на земјата, која им нанела загуби на руската војска во близина на населените места Андривка, Лозове и Билохирка. Руските сили одговориле со гранатирање на неколку населени места кои се под контрола на украинските власти, јавува Укринформ. Украина тврди дека од почетокот на …

Прочитајте повеќе »

Повеќе од половина од домовите во Северодоњецк се целосно уништени од руското гранатирање

Северодоњецк уништен руско гранатирање

Жестоките борби и гранатирања во Донбас продолжуваат. Украинските власти тврдат дека од руските напади на градот Северодоњецк целосно се уништени 60 отсто од домовите, а дури 90 отсто од зградите во ова населено место со околу 100.000 жители се оштетени и ќе им биде потребна значителна поправка, јавува Би-би-си. Стравувањата се …

Прочитајте повеќе »