Глобус

Вести од светот

Британската полиција открила 39 тела во камион од Бугарија

Британската полиција открила 39 тела во камион што дошол од Бугарија. Полицијата денеска соопшти дека го уапсиле 25-годишниот возач на камионот, кој е од Северна Ирска, под сомнение за убиство. Телата на 38 возрасни луѓе и на една тинејџерка се пронајдени во индустриска зона во близина на Лондон. Началникот на …

Прочитајте повеќе »

Постигнат договор за Брегзит

Европската унија и Велика Британија постигнаа договор за Брегзит. Со договорот се дозволува земјата да ја напушти Унијата. Сега двете страни треба да стават потпис на договорот. Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска соопшти дека договорот за Брегзит е „фер и избалансиран“. Договорот треба да биде поддржан од земјите …

Прочитајте повеќе »

Орбан ја загуби Будимпешта на локалните избори во Унгарија

За прв пат по доаѓањето на власт во 2010 година, Виктор Орбан претрпе значаен пораз од унгарските опозиционери. Либералот Гергели Карашони е нов градоначалник на Будимпешта, кој на вчерашните локални избори освои над 50 отсто од гласовите и се најде пред кандидатот на владејачката партија Фидес, Иштван Тарлос. Според првичните …

Прочитајте повеќе »

Курдите и Дамаск склучија воен сојуз против турската офанзива

Курдската администрација во северна Сирија објави дека е постигнат договор со сириската влада во Дамаск за распоредување на сириски трупи во близина на границата со Турција, за да се одговори на офанзивата што ја спроведува Анкара. „За да ја спречиме и да се спротивставиме на агресијата, постигнат е договор со …

Прочитајте повеќе »

Најмалку 33 загинати од тајфунот во Јапонија

Најмалку 33 мртви и над 20 исчезнати, засега е билансот кој го евидентирале јапонските спасувачи по тајфунот кој ја зафати земјата. Владината агенција за управување со кризи вели дека во болниците се примени околу 200 повредени, а над 1.200 домови се целосно поплавени, додека делумно се оштетени над 500 домови. …

Прочитајте повеќе »

Малубројните пријатели на Ердоган

Што се крие зад динамичниот развој на односите на Турција и Србија и какво е турското влијание на Западниот Балкан? Големиот број посети на врвот сведочат за многу жива дипломатска и стопанска активност помеѓу Србија и Турција. Ако се суди според бројот на средби на српскиот и турскиот претседател, Александар …

Прочитајте повеќе »

„Домаќинката“ на Бачев и Михов, руската пратеничка Инга Јумашева, испрашувана од ФБИ на аеродромот „Кенеди“

Руската пратеничка Инга Јумашева, инаку радио и ТВ водителка, била задржана и испрашувана при пристигнувањето на њујоршкиот аеродром „Џон Кенеди“. За задржувањето околу еден час на 34-годишната пратеничка руското Министерство за надворешни работи (МНР) во неделата најавила протест до САД, а протестна нота до Стејт Департментот поднела амбасадата на Русија во …

Прочитајте повеќе »

Тесна победа на „Самоопределување“ во Косово, но владата ќе биде коалициска

Движењето „Самоопределување“ , прогласи победа на вчерашните предвремени парламентарни избори на Косово, а претседателот на движењето, Албин Курти, објави дека тој ќе биде идниот премиер. Сепак, прелиминарните резултати од преброени речиси 96 отсто ливчиња, покажуваат дека движењето нe освоило доволно гласови за самото да формира влада и ќе мора да …

Прочитајте повеќе »