Глобус

Вести од светот

Австрија воведува локдаун за сите граѓани, од февруари задолжителна вакцинација

Австрија воведува локдаун за сите граѓани, од февруари задолжителна вакцинација

Поради растечкиот број на новозаразени, во Австрија од понеделник ќе важи локдаун за целото население, најави канцеларот Александер Шаленберг. Австриската влада, по средбата со претставниците на покраините, најави воведување „заклучување“ на јавниот живот за 10 дена со можност да биде продолжено за уште 10 дена. Но, училиштата би требало да …

Прочитајте повеќе »

Апокалиптични сцени од поплавите во Британска Колумбија: 18.000 луѓе се отсечени од светот

Апокалиптични сцени од поплавите во Британска Колумбија: 18.000 луѓе се отсечени од светот

Екипите на брзата помош се обидуваат да стигнат до 18.000 луѓе во канадската провинција Британска Колумбија, кои беа отсечени откако поплавите и свлечиштата уништија патишта, куќи и мостови, објави Гардијан. Канадските медиуми веќе објавија дека тоа би можело да биде најскапата природна катастрофа во историјата на Канада. Премиерот на Британска Колумбија, …

Прочитајте повеќе »

Бразил: Уништувањето на амазонската прашума на најголемо ниво во изминативе 15 години

Бразил: Уништувањето на амазонската прашума на најголемо ниво во изминативе 15 години

Уништувањето на амазонската прашума во Бразил годинава е на највисоко ниво во изминативе 15 години, покажува официјалниот извештај на Националниот институт за вселенски истражувања на Бразил, пренесуваат Би-би-си и Гардијан. Податоците покажуваат загрижувачки раст од 22 отсто на површината на уништени шуми во Амазон, така што од август 2020 до јули 2021 година …

Прочитајте повеќе »

Грција воведува дополнителни ограничувања за невакцинираните

Грција воведува дополнителни ограничувања за невакцинираните

Грција им се придружи на неколку други европски земји во воведувањето на повеќе ограничувања за невакцинираните против ковид-19 по порастот на инфекциите во последните недели. Од понеделник, на невакцинираните лица ќе им биде забрането да влегуваат во затворени простори, вклучувајќи ресторани, кина, музеи и спортски сали, дури и ако тестот …

Прочитајте повеќе »

Шведска го прифати европскиот тренд, усвои пропусница за вакцинација против ковид-19

Луѓе со маски

Шведска воведува дигитален сертификат за антивирусна вакцинација за јавни собири и настани со повеќе од 100 луѓе во затворени простории, соопштија властите на таа земја. Овој потег уследи по слични чекори на другите земји од ЕУ со неодамнешниот скок на коронавирусот во Европа. „Ова е тешка вест за објавување, сите …

Прочитајте повеќе »

Растат цените на природен гас во Европа

Растат цените на природен гас во Европа

Цените на гасот во Европа продолжија да растат откако Германија го одложи процесот на одобрување за контроверзниот руски гасовод Северен тек 2. Германија на 16 ноември објави дека го суспендира процесот на одобрување бидејќи швајцарскиот конзорциум зад рускиот гасовод треба да формира германска подружница за да обезбеди лиценца за работа. …

Прочитајте повеќе »

Атанас Стојанов, градоначалник на Сандански: Сум ја оставил колата отклучена и некој ми ги подметнал парите

Атанас Стојанов, градоначалник на Сандански: Сум ја оставил колата отклучена и некој ми ги подметнал парите

Oткако во неделата беше уапсен за купување гласови за време на парламентарните избори, заради што помина 24 часа во полициска станица, градоначалникот на бугарскиот град Сандански, Атанас Стојанов кажа дека некој го мести и дека тој ништо не знае за пликовите со пари и списоците со имиња кои што беа …

Прочитајте повеќе »

Каракачанов поднесе оставка од лидерската позиција во бугарското ВМРО, неговиот сопартиец Стојанов уапсен за купување гласови

Каракачанов поднесе оставка од лидерската позиција во бугарското ВМРО, неговиот сопартиец Стојанов уапсен за купување гласови

Претседателот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, кој долги години е на таа функција, си поднесе оставка поради слабите резултати на партијата на последните парламентарни избори. Покрај него, оставки дадоа и неговите заменици – европратеникот Ангел Џамбаски, потоа Искрен Веселинов, Атанас Стојанов и Милен Михов. Стојанов, кој е градоначалник на Сандански, …

Прочитајте повеќе »