Глобус

Во Киев поделени 18.000 автоматски пушки на доброволци да се вклучат во одбраната

Додека Киев татни од експлозии и од рафални истрели и многу луѓе се во скривалишта подготвени од украинската држава, а дел самостојно се евакуираа од главниот град на Украина, во северниот дел на градот уште се водат битки меѓу украинските одбранбени сили и руските војници и воена механизација што се …

Прочитајте повеќе »

Финска размислува за членство во НАТО, дели граница со Русија од над 1.300 километри

Финската премиерка Сана Марин во националниот парламент изјави дека размислува за членство во НАТО, доколку тоа е потребно за финската национална безбедност. Таа додаде дека војна од поголем обем денеска е многу поверојатна по подолг историски период. За почетокот на нападот на Русија врз Украина, премиерката Марин рече дека акцијата …

Прочитајте повеќе »

Меркел за руската агресија: Ова е пресвртна точка за историјата на Европа

Меркел

Поранешната германска канцелара Ангела Меркел ја осуди руската инвазија врз Украина и изрази солидарност со земјата. „Оваа агресивна војна на Русија означува длабока пресвртна точка во историјата на Европа по крајот на Студената војна“, изјави Меркел за германската агенција ДПА. „Нема апсолутно никакво оправдување за ова еклатантно прекршување на меѓународното право, и …

Прочитајте повеќе »

Во Киев влегуваат руски војници и тенкови, досега погодени 33 цивилни цели

Киев Украина

Од рано утрово руската војска, која што 24 часа претходно ја почна агресијата на Украина, испалуваше ракети на главниот град Киев, а војници и колони руски тенкови неколку часа потоа почнаа да навлегуваат во градот. Како што извести заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар, нападите со ракети врз Киев …

Прочитајте повеќе »

Украина ќе преживее, но Западот треба да се срами

Украина

Големата војна е тука – Русија ја нападна Украина. Оваа катастрофа можеше да биде спречена, доколку Западот уште од 2014-тата не го тргаше погледот настрана, смета Роман Гончаренко. Четврток, 24 февруари 2022 година – овој ден никогаш нема да го заборавиме. Денот кога безумното руско раководство одлучи да започне голема војна …

Прочитајте повеќе »

Украина: „Денешниот ден ќе биде најтежок“

Украина

Руските трупи напредуваат во насока на Киев. Украинската влада смета со можен тенковски напад врз Киев во текот на денов. Претседателот Зеленски ја обвинува Русија дека напаѓа и цивилни цели. Русија, според украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, го гаѓа Киев со ракети. Кулеба изутринава на Твитер напиша: „Ужасен …

Прочитајте повеќе »

Зеленски: Јас сум им главна цел на Русите, но немам намера да го напуштам Киев

Зеленски

И американскиот Стејт департмент, но и самиот украински претседател Володимир Зеленски утрово изјавија дека главна цел на руската агресија врз Украина е лично тој. Зеленски изјави дека нема намера да го напушта Киев и информираше дека се наоѓа во некој од владините објекти во градот, јавува Би-Би-Си. Украинскиот претседател во …

Прочитајте повеќе »

Строги санкции и анти воени протести против Русија

За рускиот претседател инвазијата на Украина била „неопходна мерка“. Украинските власти соопштија дека земјата претрпела сериозни штети од рускиот напад и дека нуклеарната централа Чернобил не е повеќе под контрола на Украина. САД, Британија, и други западни земји ги засилија санкциите за Русија по нападот на Украина. Антивоени протести се …

Прочитајте повеќе »