Глобус

Вести од светот

Земјотрес во Турција: Повредени најмалку 23 лица

Најмалку 23 лица се повредени во земјотресот што ја погоди провинцијата Малатија во источна Турција. „23 наши граѓани, од кои 22 лица во Малатија и 1 лице во Адијаман, се повредени како резултат на пад или скок од височина“, напиша турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на Твитер.   Голем …

Прочитајте повеќе »

Експлозии во Киев: Кличко им порача на граѓаните да останат во засолништата

Воздухопловните сили известија дека Русија лансирала хиперсонични ракети во регионот на Киев Експлозии одекнуваа во украинскиот главен град Киев, откако властите прогласија тревога за воздушен напад низ целата земја, пренесе Ројтерс. Градоначалникот Виталиј Кличко им порача на жителите да останат во засолништата за воздушни напади. Градските власти на Киев рекоа …

Прочитајте повеќе »

Бројот на загинати во катастрофалните пожари на Хаваи се искачи на 53

Бројот на загинати во шумските пожари во туристичкиот град Лахаина на хавајскиот остров Мауи се искачи на 53, соопшти округот Мауи. Најмалку три големи пожари избувнаа на Мауи во вторникот навечер, отсекувајќи ја западната страна на островот и историскиот град Лахаина, каде што беа уништени или оштетени најмалку 271 градба. …

Прочитајте повеќе »

Режимот на Додик под санкции и од Германија – прекината реализацијата на четири проекти

Претседателот на опозициската Партија за демократски напредок, Бранислав Бореновиќ предупреди дека властите во Бања Лука се движат кон санкции, кои ќе ги погодат граѓаните и локалната заедница Германската амбасада во Босна и Херцеговина соопшти дека оваа земја ја прекинува реализацијата на четири проекти во Република Српска во вредност од 105 …

Прочитајте повеќе »

Еквадор: Убиство на претседателски кандидат

За една и пол недела во Еквадор ќе се одржат предвремени претседателски избори. Предизборен собир во Кито заврши фатално за кандидатот Фернандо Вилависенсио. Непознати лица пукале врз 59-годишниот Фернандо Вилависенсио кога влегувал во автомобил по предизборен собир на стадион, објавија локалните медиуми. Еден од осомничените, кој бил тешко повреден при …

Прочитајте повеќе »

Италија ги оданочува банките со 40 отсто поради високите камати

Банките имаа корист од зголемените каматни стапки бидејќи оваа година „скокнаа“ каматите кои ги наплаќаат, а ги намалија расходите за каматите кои ги исплаќаат на штедачитe Италијанската влада воведе оданочување на овогодинешниот неочекуван профит на банките со 40 отсто и приходите од тој данок ќе помогне на имателите на хипотекарни …

Прочитајте повеќе »

Фон дер Лајен во посета на поплавените области во Словенија

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе ја посети Словенија за да изрази солидарност со земјата по поплавите. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска (9.09) ќе ја посети Словенија за да изрази солидарност со земјата по поплавите и да разговара за средствата и начините за обнова по катастрофата, соопшти …

Прочитајте повеќе »

Нигер: Што ќе преземе ЕКОВАС?

Пред вонредниот самит на западноафриканската заедница ЕКОВАС во врска со пучот во Нигер, соседна Нигерија изрази надеж за дипломатско решение. Како реагира западноафриканската заедница ЕКОВАС на пучот во Нигер, држава со 26 милиони жители? Актуелниот претседател на ЕКОВАС става акцент на дипломатијата, но не исклучува и воена опција. Пред вонредниот …

Прочитајте повеќе »