Глобус

Навални пристигна во Берлин

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални пристигна на лекување во Берлин. Ќе може ли да му помогнат германските лекари? Алексеј Навални пристигна на лекување во Берлин со специјален авион. Слетувањето на аеродромот Тегел го објави на Твитер неговата портпаролка Кира Јармиш, а тоа го потврди и филмскиот продуцент Јака Бизиљ. Познатиот …

Прочитајте повеќе »

СЗО очекува пандемијата со коронавирус да заврши за 2 години

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Габрејесус изјави дека за две години ќе може да се воспостави контрола врз пандемијата со коронавирусот во услови кога Европа регистрира зголемена бројка на заболени за разлика од Америка каде има намалување. Според него, глобализацијата помогнала во ширењето на болеста, но модерната технологија …

Прочитајте повеќе »

Стив Бенон, екс-советникот на Трамп уапсен за проневера на донации за изградба на ѕидот на границата со Мексико

Стив Бенон, поранешниот советник – главен стратег на претседателот на САД, Доналд Трамп, е упасен вчера и обвинет за измама на „стотици илјади донатори“ во онлајн-кампања за собирање пари за изградба на ѕид долж границата на САД и Мексико, јавија американските медиуми. Бенон (66) е обвинет за измама заедно со …

Прочитајте повеќе »

Алексеј Навални, најгласниот критичар на Путин, е во болница со сомнежи за труење

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални денеска е примен во болница во Сибир, со симптоми кои неговата портпаролка Кира Јармиш ги опиша како знаци на труење. Навални летал од сибирскиот град Томск кон Москва кога се појавиле симптомите и морало да биде хоспитализиран. Било направено принудно слетување во градот Омск, каде …

Прочитајте повеќе »

Европа и балансирањето со Белорусија

Пред денешниот самит на ЕУ за ситуацијата во Белорусија, рускиот претседател Путин предупреди од „мешање“. Ова е дипломатски жежок костен за ЕУ – таа сака да поддржи демократизација, но и да не го провоцира Кремљ. Вонредни самити на ЕУ за надворешнополитички теми се исклучително ретки. Повеќето конфликти се решаваат во …

Прочитајте повеќе »

Лукашенко прогласен за персона нон грата во ЕУ, европарламентарците го осудија насилството во Белорусија

Водечките политички партии на Европскиот парламент во заедничка изјава го прогласија претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, за персона нон-грата во ЕУ и повикаа на нови, „слободни“ избори во оваа земја. Изјавата ја потпишаа Европската народна партија, Обновена Европа, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и Зелената фракција, јавија агенциите од …

Прочитајте повеќе »

Фотографија на денот: Лукашенко оди си!

Стотици илјади луѓе на опозициските протести во Белорусија вчера побараа оставка од претседателот Александар Лукашенко. Само во главниот град Минск се собраа повеќе од сто илјади луѓе. Дел од учесниците на протестите се огледуваат и во очилата на демонстрантот на оваа #ФотографијаНаДенот. Луѓето излегоа на улиците и во голем број други градови во …

Прочитајте повеќе »

Донаторите ветија 253 милиони евра помош за Либан

Меѓународните донатори ветија 253 милиони евра на вчерашната донаторска конференција за Либан наменети за итна хуманитарна помош за земјата по катастрофалната експлозија во Бејрут, соопшти кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој го организираше виртуелниот собир, пишува ФРОНТЛИНЕ. Франција ќе испрати 30 милиони евра, како и Европската комисија. Донаторите ветија …

Прочитајте повеќе »