Во петок 2 ноември со почеток во 19.00 часот, во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена годишната изложба на дела од ДЛУП.
На годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници Прилеп- ДЛУП, ќе учествуваат следните членови: Атанас Атанасоски, Давид Атанасоски, Александра Ацеска, Александар Џинго, Драган Вергоски – Алпи, Ферди Булут, Викторија Димеска, Павлинче Илијеска, Кристијан Јованоски, Методија Јорданоски, Васил Костов, Лепа Милошевска, Верче Николоска, Јасмина Руневска, Дарко Талески, Наде Тоскоска, Драган Михајлоски- Пижа и др.
За ДЛУП:
Во 2018 година членовите на здружението ДЛУП ја започнаа својата дејност преку организирањето на групната изложба на прилепските уметници. Потоа, во текот на годината се нижеа, една по друга, самостојни и групни изложби на уметниците- членови на Друштвото на ликовни уметници Прилеп- ДЛУП: самостојната изложба со наслов „Превдомување“ на Јасмина Руневска, „Everglow“ самостојна изложба на Анита Сот (Сотироска Јовеска), „Дали и ти си мигрант“ изложба на Дарко Талески, ретроспективна изложба на Васил Костов, самостојна изложба на Атанас Атанасоски „Орнаментот како пејзажен знак“, потоа самостојна изложба на Александар Џинго, групните изложби на Друштвото на ликовни уметници Прилеп- ДЛУП со наслов „Традицијата е код, традицијата е течение“, изложбата „Мапирај го Крушево“ на Јасмина Руневска, Дарко Талески и Емил Солески и групната изложба „ДЛУП Совреме(н)“. Крајот на оваа година повторно се одбележува со уште една групна изложба на членовите на Друштвото на ликовни уметници Прилеп- ДЛУП – објаснува Викторија Димеска, историчар на уметност.