Годишнина од загинувањето на Тоше, на пат за Крушево маратонците трчаа низ прилепските улици

Денеска се навршуваат 13 години од загинувањето на Тоше Проевски. По тој повод, утринава низ Прилеп поминаа 10-те маратонци, кои секоја година ја трчаат традиционалната трка од Нова Градишка, Хрватска, до Крушево.

На поминување низ Прилеп, маратонците кратко се задржаа пред спомен обележјето на Тоше, подигнато во негова чест во центарот на градот.

Заради пандемијата со коронавирусот, оваа година маратонот се одржува само на територија на нашата држава, поточно од преминот Табановце, преку Скопје и Прилеп, се’ до Крушево. Двајца претставници на маратонците истрчаа симболични 10 километри во Нова Градишка, каде положија цвеќе во спомен на музичката ѕвезда.

На годишнината од загинувањето на Тоше, конечно, комплетно е реконструирано и изградено неговото вечно почивалиште. По тој повод, денеска цвеќе на неговото гробно место ќе положи и претседателот на Владата, Зоран Заев.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …