Со освоени 2 први, 6 втори и 8 трети места карате клубот „Бонсаи“ од Прилеп, учествуваше на Интернационалниот карате турнир “Голден куп” во Тетово. 16 -те медали во поединечна и екипна конкуренција ги освоија со 430 натпреварувачи од земјава и странство.
„Како тренер, сум премногу горда на моите натпреварувачи. Се покажаа во вистинско светло. Ова се дел од најмладите членови на карате клубот ‘Бонсаи’. Сезоната за време на натпревари започна. Активни сме на повеќе меѓународни турнири, а за некои од поголемите категории ова се пробни турнири преку кои се подготвуваат за настап на државното првенство кое ќе биде во месец ноември“, посочи Валентина Пурдеска од карате клубот „Бонсаи“.
Од клубот додаваат дека овие млади каратисти се само дел од карате клубот “Бонсаи“, кои ветуваат многу и за кои ќе се слуша во иднина.