Голем хуманитарен концерт

Голем хуманитарен концерт

Се организира хуманитарен концерт со познати музички групи.Со собраните донации ќе се помогне на социјално загрозено семејство.

Концертот ќе се одржи во вторник на 16 април 2019 година, во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, со почеток во 20 часот.

Цената на билетот е само 60 денари.

Програмата Црвен Крст во Акција-Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери  во Црвениот Крст на Р. Македонија.

Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работат со младинците.

Младите добиваат обука за вредностие на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.

Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за  добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население. На годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3.000 лица во нашата земја, на некои краткорочно додека пак за некои помошта е долгорочна.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …