Голем интерес за штандот на Општина Крушево на Саемот за туризам во Белград

Голем интерес за штандот на Општина Крушево на Саемот за туризам во Белград

Голем интерес за штандот на Крушево и Елбасан на Саемот за туризам во Белград, Србија, кој се одржа од 23 до 26 февруари. Крушево станува се’ попривлечна дестинација, а заедно со угостителскиот сектор се овозможува поефикасна промоција на дестинацијата во меѓународни рамки.

Учеството на саемот е во рамки на проектот „Крушево и Елбасан – признаена туристичка прекугранична дестинација“, кој се имплементира во рамки на програмата за прекугранична соработка на Северна Македонија и Албанија, Инструмент за пред пристапна поддршка (ИПА 2) – 2018 – 2020.

Покрај Општина Крушево, на саемот се претставија и дел од угостителските објекти, кои покажаа интерес за учество.

„Го посетуваме саемот веќе неколку години по ред, а оваа година во рамки на проектот со општина Елбасан од Албанија. Интересот е особено зголемен оваа година и сметам дека целите на проектот се исполнуваат. На саемот покрај претставувањето на Крушево и неговите туристички потенцијали, посетителите на штандот се информираа за многубројните параглајдинг натпревари, меѓу кое е и Светското првенство во змајарство, но и за понудата на угостителскиот сектор“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Во рамки на овој проект, Општина Крушево изгради паркинг, постави мерни станици за квалитет на воздух, а дополнително ќе се оспособи даунхил патека заедно со ЛЕД осветлување и поставување на урбана опрема на полетувалиштето за параглајдинг.

Кај партнерот во проектот, Општина Елбасан, се работи на изградба на полетувалиште за параглајдинг и туристички инфо центар.  Вредноста на проектот изнесува 740.000 евра.

Прочитајте повеќе

Агенција за храна АХВ

АХВ казнила продавачи на сирење на пазарчето во Буњаковец и месар во Прилеп

По надзорот на пазарот во Скопје, инспекторите на Агенцијата уништиле 8 килограми сирење, 2 килограми …