Голем успех на џудистите на прилепскиот ЏК „Пролетер“ на минатонеделните Државни првенства

Голем успех на џудистите на прилепскиот ЏК „Пролетер“ на минатонеделните Државни првенства

На државните првенства за пионери и пионерки, како и сениори и сениорки во џудо, кои во организација на Џудо федерацијата на РСМ во неделата се одржаа во Прилеп, екипата на прилепскиот џудо клуб „Пролетер“ забележа одлични резултати.

Џудистите на „Пролетер“ освоија вкупно 19 медали, од кои 6 златни, 3 сребрени и 10 бронзени.
Со „злато“ се закитија Петар Велјаноски, Христијан Богданоски, Владимир Милчиноски, Нина Николоска, Давор Велкоски и Јордан Ѓорѓиоски.

Трите сребрени медали ги освоија Дамјан Петрески, Никола Трајкоски и мето Лашкоски, додека 10-те бронзени медали им припаднаа на Христијан Ангелески, Валентин Цанески, Давид Талески, Никола Спиркоски, Тадеј Галески, Христофер Везенкоски, Максим Стојаноски, Давид Колески, Давид Петрески и Михаил Димоски.

Во ЏК „Пролетер“ се задоволни од настапот на своите џудисти и најавуваат дека следниот викенд, кога треба да се одржи Државното првенство за јуниори и јуниорки и помлади пионери и пионерки, повторно очекуваат голем број медали.

Прочитајте повеќе

Тони Лазов освои сребрен медал на Шаховската олимпијада во Будимпешта

Тони Лазов освои сребрен медал на Шаховската олимпијада во Будимпешта

Лазов, кој е актуелен шаховски шампион во државата, освои 7,5 освоени поени од 8 одиграни …