Голема акција на европското обвинителство во Бугарија, уапсен екс-премиерот Бојко Борисов

Голема акција на европското обвинителство во Бугарија, уапсен екс-премиерот Бојко Борисов

Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, вечерва бил задржан во својот дом додека траела двоиполчасовна операција на бугарското МВР, а во 22.30 часот по локално време, бил приведен во Генералната управа на Националната полиција во Софискиот округ Младост, јави „Медиапул.бг“.

Веста за апсењето на Борисов ги собра пред неговата куќа речиси сите пратеници на ГЕРБ, како и многу членови од подмладокот на партијата кои извикуваа „Оставка!, мафија! и црвено ѓубре!“. Протестите од пред куќата се преселиле пред Националната полиција.

Како што пренесува бугарскиот медиум, нешто по 20 часот, тамошното министерство за внатрешни работи официјално соопшти дека покрај Борисов, уапсени се и поранешниот министер за финансии на ГЕРБ, Владислав Горанов, поранешната шефица на собраниската комисија за финансии, Менда Стојанова и портпаролката на ГЕРБ, Севдалина Арнаудова.

Станува збор за заедничка акција на бугарската Национална полиција и Европското обвинителство, се вели во соопштението од МВР.

Полицијата во оваа фаза го ограничи движењето на четворицата додека траат претресите, а потоа со полициска наредба ќе бидат задржани 24 часа.

Понатаму, како што известува „Медиапул.бг“, европските обвинители можат да побараат од судот да ги држи во притвор без да им дозволи контакт со обвинителството на чело со Иван Гешев.

Инаку, европската обвинителка Лаура Киовези при посетата на Софија најави 120 истраги за наводите за злоупотреба на европски пари во Бугарија во областа на земјоделството, градежништвото и јавните набавки. Нејзината посета продолжи во четвртокот со средба со главниот обвинител Иван Гешев.

Набргу по веста за апсењата, од прес-центарот на ГЕРБ за „Медиапул.гб“ соопштиле дека четворицата не се приведени, туку се вршат претреси во нивните домови.

Претседателката на пратеничката група на партијата Десислава Атанасова ја спуштила слушалката, а другите членови на партијата ги исклучиле телефоните. Но, малку подоцна пред домот на Борисов се собрале голем број партиски функционери. Пратеникот на ГЕРБ, Тома Биков, постапките на МВР ги прогласил за „државен удар“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …