Голема поддршка за европската иднина на земјата од Бошњаците и Гораните во Македонија и Косово

Голема поддршка за европската иднина на земјата од Бошњаците и Гораните во Македонија и Косово

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев оствари средба со претставници и припадници на заедниците на Бошњаци и Горани во Македонија и Косово.

На средбата беше изразена голема поддршка за европската иднина на земјата која граѓаните треба да ја обезбедат со историската одлука на референдумот на 30 септември.

Заеднички беше заклучено дека треба да се почитува мнозинската волја на граѓаните и да се следи правецот кој тие ќе го зацртаат, со цел да се обезбеди подобар живот на оваа и на следните генерации граѓани од сите заедници во Македонија.

Премиерот Заев се заблагодари за поддршката и потенцираше дека на патот кон НАТО и ЕУ, Владата на Република Македонија работи на интензивирање на економскиот развој, регионалната трговска соработка и обезбедување квалитетен живот за сите граѓани во земјата.

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …