Google се збогува со својот бренд на телефони Nexus. Вчера го претстави својот нов бренд кај мобилните телефони наречен Pixel.
Новиот бренд е резултат на соработката помеѓу Google и HTC. Беа претставени два телефони Pixel и Pixel XL соодветно на големината на екранот: 5 “и 5.5”. Обата имаат AMOLED екран, со резолуција од 1080p за помалиот (441 ppi) и QHD за поголемиот (534 ppi) телефон. Капацитетот на батеријата е исто така различен, 2,770mAh и 3,450mAh.
Покрај овие разлики, Pixel и Pixel XL се повеќе слични отколку што се различни. Qualcomm го обезбедеди чипсетот Snapdragon 821 а оперативниот систем е Андроид 7.1 Нугат.

google-pixel-2
Камерата може да се пофали со одличен квалитет, доаѓа со 12MP сензор, 1.55μm пиксели, f / 2.0 бленда и на тоа е додаден електронски стабилизатор на сликата. Опциите за складирање се исти на Pixel и Pixel XL – 32GB (за оние кои го користат Google Photos) и 128GB (за оние кои сакаат нивните податоци офлајн). Патем корисниците на Pixel и Pixel XL ќе добијат неограничен склад фотографии на Google Photos во полна резолуција.
Обата доаѓаат со 4GB RAM меморија – за чистиот Android оперативен систем да работи како подмачкано. Отклучувањето е изведено со читач на прсти што е веќе стандард дури и кај кинеските телефони.
Производител на телефоните е HTC а се брендирани само со логото на Google.