Ѓорѓи Спасов: Дали бугарските служби му ја подметнаа Дан(и)ела на Мицкоски?

Ѓорѓи Спасов: Дали бугарските служби му ја подметнаа Дан(и)ела на Мицкоски?

ФБ статус на професор д-р Ѓорѓи Спасов, поранешен македонски амбасадор во Велика Британија и Бугарија

Можно ли е Дан(и)ела да му е подметната кукавички на Мицковски од бугарските служби? Има многу индиции за тоа:

  1. Никој не знаеше дека се стекнала со бугарско државјанство уште во 2011 година;
  2. Никој не знаеше дека била член на Надзорниот одбор на Капитал банката во Скопје, која 98% е во сопственост на Бугарија;
  3. Никој уште не знае кој на независната кандидатка и’ ја финансира кампањата која чини милиони евра;
  4. Никој не знаеше дека ја обезбедуваат членови на здружението „Тодор Александров”, кои се познати по своите екстремни пробугарски ставови и негирање на посебноста на македонската нација и јазик;
  5. Никој не знаеше дека ја добила “за џабалук” од Груевски салата „Расадник”, во која не се покажала како добар менаџер;
  6. Никој не знаеше дека “менаџирала” со компанија за купување на кинески автобуси;
  7. Никој не знаеше врз основа на кои заслуги стана и претседател на Здружение на работодавачи (капиталисти) и претседател на Сојуз на стопанските комори;
  8. И никој не знаеше врз основа на каква заслуга таа добива статус на почесен конзул на Орбан во Македонија, во време кога во Будимпешта е избеган Груевски.

И таа сега се дрзнува да говори дека ќе се борела како градоначалник на Скопје против „националните предавства” што ги направил Заев.

Не сум сигурен дека толкав голем број патриоти од ВМРО ДПМНЕ ќе гласаа за неа ако им беа познати сите овие факти. И дали ваков лик им е потребен на гласачите на Левица.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …