Горива бензини дизел

Горивата поевтинуваат за 2 и пол денари

Од полноќ литар дизел гориво ќе чини 66,5 денари, информира РКЕ

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2 денари за литар, информира денеска Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ).

„Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1 денар за килограм. Со новите цени кои ќе важат од полноќ, 95 ќе чини 74 денари за литар, 98 ќе чини 76 денари, а литар дизел гориво ќе чини 66,5 денари“, информира РКЕ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Поскапуваат нарачките од Али експрес и Тему

Поскапуваат нарачките од Али експрес и Тему

Собранието ги изгласа законските измени со кои се воведува 18% ДДВ за пратки до 22 евра од странски …