Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесе одлука за поевтинување на горивата за еден денар во однос на досегашните цени.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 1 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.08.2021 година“, соопшти РКЕВУ.

Според тоа, од полноќ, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 72 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 74 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 62,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,5 денари за литар, односно ќе изнесува 62 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,105 денар/килограм, и ќе изнесува 36,876 ден/кг.

Извор:МЕТА