Горивата поскапеа за два денара

Горивата поскапеа за два денара

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), од полноќ малопродажните цени на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, како и на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемија за два денара по литар.

Според РКЕ, малопродажната цена на Еуросупер 95 изнесува 70 денари, на Еуросупер 98 71,5, на Еуродизелот 62, а на Екстра лесното масло за домаќинство 50,5 денари за литар.

Се зголеми и малопродажната цена на мазутот, за 1,317 денари, поради што килограм ќе чини 30,037 денари.

Прочитајте повеќе

Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

Стопанската комора на Македонија најави дека до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени …