Горивата поскапуваат од половина до три денари за литар

Горивата поскапуваат од половина до три денари за литар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажна цена на бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 68,5 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ поскапува за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар.

Цените на дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за половина денар и ќе изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,53 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,03 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кривични пријави за екс градоначалникот на Сарај, Беџети и уште седум лица за злоупотреба на службената положба

Кривични пријави за екс градоначалникот на Сарај, Беџети и уште седум лица за злоупотреба на службената положба

Од Основното јавно обвинителство- Скопје денеска информираа дека пријавата од Финансиската полиција е примена и …