Многумина мислат дека говорот кој американскиот претседател Џон Ф. Кенеди го одржал на 27.04.1961 година во познатиот хотел „Асторија“ во Њујорк посветен на медиумите и тајните друштва, го чинел живот.

Во своето обраќање, Кенеди проговорил за некои работи кои се случуваат зад кулисите. На почетокот на говорот објаснил како функционираат медиумите, за да во продолжение го открие и најинтересното.

„Самиот збор „тајност“ е спротивен на слободното и отвореното општество. И ние сме како луѓе, по сопствената природа и историското наследство, спротивставени на тајните друштва, тајните завети и тајните процедури. Одамна одлучивме дека опасноста од прекумерното и неовластено криење на одредени документи ја надминува опасноста која во стартот довела до такви мерки“, рекол Кенеди во таа прилика.

„Тука е и смртната опасност од можноста дека потребата за зголемена сигурност ќе биде злоупотребена од оние кои нестрпливо чекаат да ја зголемат до самата граница на цензура и прикривање. Тоа е нешто кое немам намера да го дозволам. Барам од секој издавач, уредник и новинар да ги преиспита своите стандарди и да ја препознае опасноста која надвиснала над нас“, изјавил Кенеди.

„На глобален план, спротивставени ѝ сме на монолитниот и безобѕирен заговор кој првенствено се заснова на скриената намера да ја прошири својата сфера на влијание; на инфилтрација наместо инвазија; на субверзија наместо избор; на заплашување наместо слобода на избор; на герила во ноќта наместо војници во светлото на денот…тоа е систем кој врбува огромни материјални и човечки ресурси и кој создава конструкција на тесно поврзана ефикасна машина која ги обединува економските, воените, дипломатските, научните и политичките операции. Нивните припреми се скриени, не се јавно објавени. Оние кои не се сложуваат со нив се замолчени, не се пофалени. Нема шпекулации, не се зборува за трошоците, ниедна тајна не се открива“, рекол меѓу другото Кенеди во својот говор во њујоршкиот хотел „Асторија“ во далечната 1961 година.

Две и пол години подоцна, на 22.11.1963 година, 35.претседател на САД Џон Ф. Кенеди беше убиен во Далас, Тексас. Официјално, убиството му беше припишано на Ли Харви Освалд, кого два дена подоцна го уби Џек Руби. До ден денес атентатот остана предмет на широки шпекулации и бројни теории на заговор, иако ниту една од нив не е докажана.