Градежна офанзива на Општина Крушево во градот и населените места

Градежна офанзива на Општина Крушево во градот и населените места

Во завршна фаза е доградбата на цевковод во с. Саждево, што беше потврдено и на вчерашниот технички преглед од страна на претставници на Министерството за транспорт и врски.

На терен беше и претседателот на Советот на општина Крушево, Тома Петроски кој изрази задоволство од завршувањето на овој проект, како и од фактот дека е во тек и асфалтирање на патот од над 2 километри до ова населено место.

„Го завршуваме овој проект во висина од 2.653.498 денари, кој треба да реши уште еден голем проблем за нашите сограѓани од Саждево, а официјално започна и асфалтирањето на пат до населеното место. Деновиве работиме на големи проекти во населените места, како што се резервоарот во Белушино, патот и цевководот во Саждево, тампонирање во Пресил, уредување на дворот во училиштето во Норово, а истовремено потсетувам дека добивме над 600.000 евра за реконструкција на локални улици“, изјави Петроски.

Се асфалтира и патот до с. Саждево кој е користен од страна на жителите на неколку населени места: Саждево, Јакреново, Борино и Белушино. Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски од Саждево порача дека општината работи на сите страни и дека ги решава проблемите на сите граѓани, без исклучок.

„Крушево е едно големо градилиште. Работиме во градот, а паралелно работиме и во Саждево, Белушино, Пресил, Норово, додека асфалтирањето на овој пат е потреба и на жителите на Борино, Белушино и Јакреново. Продолжуваме да работиме и ве уверувам дека нема да застанеме тука“, Христоски.

Прочитајте повеќе

Тешка битка со огнот во Богомила и Пелагонија

Тешка битка со огнот во Богомила и Пелагонија

Најтежок ден од сезонава на пожари беше регистриран во четвртокот (13 август), кога огнените фронтови се …