Денеска започна асфалтирањето на втората делница од булеварот „Гоце Делчев“- коловозните ленти на потегот од поранеша Градска кафеана до раскрсницата кај ЦК „Марко Цепенков“, со што изградбата на овој капитален проект влегува во завршна фаза.
Паралелно со асфалтирањето, на истиот потег се одвиваат засилени градежни активности за реконструкција на тротоарите, каде се поставуваат новите гранитни плочки со тактилни траки за слепите лица, се градат велосипедските патеки.
Новата вертикална сообраќајна сигнализација и централното осветлување се поставени, а градежните тимови во моментот работат на изградбата на хоризонталното семафорско осветлување на пешачките зебри, кое ќе биде прво од таков вид во нашиот град.
Целокупните градежни активности за реконструкција на главната сообраќајна артерија на градот, завршуваат до крајот на годината, со што Прилеп и прилепчани добиваат нов, европски, современ и безбеден булевар, со импозантен лик.