Градоначалникот Илија Јованоски го отвори Отвореното државно првенство во мото крос „Сторм рајдерс “

Градоначалникот Илија Јованоски го отвори Отвореното државно првенство во мото крос „Сторм рајдерс “

Традиционално по 6-ти пат овој викенд на патеката во Лагово, се одржа меѓународната мото трка „Сторм рајдерс  2018“. Во трката со ревијален карактер во  4 категории: МX1, MX2, MX3 и OPEN класа, освен од Македонија учествуваа 30-тина љубители на овој спорт, од повеќе балкански држави: Србија,  Бугарија и Грција.

Градоначалникот Илија Јованоски го отвори Отвореното државно првенство во мото крос „Сторм рајдерс “„Прилеп е домаќин на државното и меѓународно првенство ‘Сторм рајдерс’ што се одржува во организација на прилепскиот клуб „Скај рајдерс“. Јас како градоначалник и Општина Прилеп секогаш ќе им дадеме поддршка, бидејќи токму преку со вакви настани го унапредуваме спортот, го развиваме туризмот во градот“, порача градоначалникот Илија Јованоски.

„Денеска во близина на Прилеп, кај старо Лагово на мотокрос арената се одржува шестото првенство. Има околу 30-тина возачи од Македонија и од соседните држави. Ова е уште еден настан, којшто клубот ‘Скај рајдерс’ го организира за граѓаните на Република Македонија и Прилеп. Во оваа прилика сакам да ѝ се заблагодарам на Општина Прилеп, која што несебично ги помага сите настани, што се организираат од нашиот клуб. Ова е навистина добро, бидејќи на тој начин се развиваат сите екстремни спортови во нашиот град“, истакна Ѓорѓи Манчески, претседател на клубот „Скај рајдерс“.

Градоначалникот Илија Јованоски го отвори Отвореното државно првенство во мото крос „Сторм рајдерс “

Денешното присуство на спортистите од околните градови и држави покажува дека Прилеп има капацитет за ваков тип спортски настани.  Прилеп со својата географска положба има услови за одржување на ваквите спортови, затоа и поддршката на Општината е голема. На овој начин Општина Прилеп  придонесува  за развој на туризмот, индиректно и за развој на локалната економија.

 

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …