Градоначалникот Илија Јованоски го отвори шаховскиот турнир „Опен Прилеп 2019“

Градоначалникот Илија Јованоски го отвори шаховскиот турнир „Опен Прилеп 2019“

По повод празникот, 3.Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, денеска во просториите на Државниот студентски дом „Орде Чопела“, започна меѓународниот турнир во забрзан шах „Опен Прилеп 2019“. Турнирот свечено го отвори градоначалникот Илија Јованоски, кој ги поздрави присутните посакувајќи им овој шаховски турнир да прерасне во традиционален, како и тоа дека Општина Прилеп и понатаму ќе дава несебична поддршка на овој спорт.

„Меѓународниот шховски турнир 3.Ноември, се организира по втор пат. Оваа година имаме повеќе од 130 учесници од неколку држави од соседството. За разлика од минатата година, оваа година турнирот е поквалитетен. Имаме пет велемајстори од Србија и Македонија и очекуваме неизвесна борба до крајот на овој настан. Целта ни е што повеќе да го развиеме шахот во нашиот град, а овој спорт да го пренесеме и на помладите“, вели Тони Кироски, организатор на настанот.

Организаторите на овој турнир, им врачија плакети на шаховските претседатели, а Општина Прилеп доби благодарница за несебичната поддршка на шаховскиот спорт.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …