Градоначалникот Јованоски и Општина Прилеп финансиски ќе го помогнат РК „Прилеп“

Градоначалникот Јованоски и Општина Прилеп финансиски ќе го помогнат РК „Прилеп“

Прилепската локална самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски финансиски ќе го поддржи ракометниот клуб „Прилеп“, што значи дека клубот ќе го продолжи натпреварувањето во ракометната Супер лига.

Ова е заклучокот од одржаната средба помеѓу градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски и претседателот на РК „Прилеп“, Александар Мариноски.

„Имавме средба со претседателот на РК „Прилеп“, на која разговаравме за проблемите со кои се соочува клубот. Општина Прилеп ќе му излезе пресрет на клубот за да ги надмине финансиските проблеми со кои, тој од поодамна се соочува, наспроти злите јазици дека локалната самоуправа и градоначалникот не се грижат за ракометот и, воопшто, за спортот во градот. Сакам да го демантирам тоа и да кажам дека како градоначалник секогаш ќе стојам зад спортот во Прилеп, ракометот, фудбалот и останатите спортови и ќе ги поддржувам спортистите“, изјави градоначалникот Јованоски, по средбата.

Според Александар Мариноски,првиот човек на РК „Прилеп“, непречено ќе го продолжи натпреварувањето во Супер лигата.

„Со градоначалникот разговаравме и најдовме решение како нашиот клуб да го продолжи натпреварувањето во ракометната Супер лига. Од Буџетот на Општина Прилеп ќе бидат издвоени средства, со коишто  клубот ќе биде поддржан до крајот на оваа натпреварувачка сезона, а се надевам дека локалната самоуправа и во иднина ќе го прави тоа“, рече Мариноски.

 

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …