Градоначалникот Јованоски најави помош за семејствата Спиркоски, чиј дом утринава беше опожарен

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и претседателот на Совет Миле Талевски, го посетија семејството Спиркоски, во чиј дом утринава избувнал силен пожар, а во кој за жал животот го загубила 72 годишна жена.

Пожарот кој започнал приземјето на куќата, каде и се наоѓала починатата жена,во 8 часот и 37 минути бил пријавен во Територијалната противпожарна единица, при што за кратко време на местотото на настанот пристигнале четири противпожарни возила и единаесет пожарникари, кои за дваесетина минути го ставиле пожарот под контрола и од двата спрата на куќата ги извлекле преостанатите шест лица кои во тој момент се наоѓале таму.

„Во овој момент сакам да им се заблагодарам и да им честитам на пожарникарите, за сето она што го направиле, за нивната интервенција, која според сопствениците на куќата кои го преживеаа овој немил настан, била професионална, итна и во вистинско време. За многу кратко време после јавувањето, Територијалната противпожарна единица пристигнала на лице место и веднаш биле згрижени сите шест лица, кои во тој момент се наоѓале во куќата.

Жалам за овој немил настан, во кој имаше и смртен случај. Општина Прилеп ќе им излезе во пресрет со материјална помош на двете семејства кои живеат во оваа куќа. Човечката загуба за жал не може да се надомести, но се надевам дека и стопанските субјекти ќе излезат во пресрет со нивна помош, со да
изнајдеме начин сите заедно да му помогнеме на овие наши сограѓани кои загубија и член од своето семејство и претрпеа голема материјална штета“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.

„За многу кратко време противпожарната единица од Прилеп пристигна на лице место и увиде дека се работи за пожар во приземјето на куќата. Пожарот, преку скалите се проширил на двата спрата на куќата, но со успешната акција на пожарникарите, спречен е да ги зафати просториите на двата спрата. Спасени се човечки животи, но за жал се случи немил настан каде една личност го загуби животот, како последица од пожарот“, истакна Методија Николоски, претставник од Територијалната противпожарна единица.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …