Градоначалникот Јованоски организираше прием за учесниците на меѓународниот детски музички фестивал „Ѕвездички“

Градоначалникот Јованоски организираше прием за учесниците на меѓународниот детски музички фестивал „Ѕвездички“

Овој викенд, на 20 и 21 октомври во Прилеп по 18-ти пат ќе се одржи
меѓународниот музички детски фестивал „Ѕвездички“. Покровител на
фестивалот е Општина Прилеп. Учесниците се до 14 годишна возраст, а
земјите од кои доаѓаат се: Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Унгарија,
Литванија, Русија, Украина, Казахстан и Македонија.

Илија Јованоски организираше прием за сите нив, посакувајќи им пријатен
престој во градот и земјава.

Градоначалникот Јованоски организираше прием за учесниците на меѓународниот детски музички фестивал „Ѕвездички“„И оваа година Прилеп е домаќин на 18-тиот по ред меѓународен детски музички фестивал „Ѕвездички“. И годинава Општината е покровител на овој фестивал и дава несебична поддршка на најмладите. Имаме гости од Mакедонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Литванија, Русија, Украина и Казахстан кои ќе уживаат овие неколку дена во нашиот град.
Сакам да победи најдобрата песна, а се надевам дека од учесниците ќе
произлезе и некоја идна музичка ѕвезда“, истакана градоначалникот Јованоски.

Уште еднаш, ѕвездичките од целиот свет се собираат во Прилеп да им донесат
радост на децата од Македонија. Оваа година е 18-та по ред и имаме покането
17 учесници, вели организаторот Марјан Катароски.

Градоначалникот Јованоски организираше прием за учесниците на меѓународниот детски музички фестивал „Ѕвездички“„Задоволство ни е што го имаме јубилејот, прв после големиот јубилеј, славиме полнолетие и ова ни е една голема јубилејна проба за 20 годишнината. Како и секогаш ѕвездичките носат многу убави песни, на различни јазици, јазици од
целиот свет. И секако, се надевам дека ќе успееме да ја пренесеме целта дека тие се сепак деца, без разлика од каде доаѓаат и на каков јазик зборуваат“, вели Катароски.

Дечињата беа восхитени од престојот во Прилеп и Македонија.

„Се викам Бојана Стефановиќ, имам 10 години и доаѓам од Србија, од Нови
Сад. Ќе се претставам со песната “Сакам да љубам“, а песната зборува за
љубовта и тоа како треба да им се помага на сите“.

„Јас сум Јулија Канифатова и доаѓам од Русија. Дојдов тука да пеам и многу
сакам да пеам, а исто така сакам да запознам многу пријатели од целиот свет“.

„Доаѓам од Русија. Мојата песна се вика “Среќен ден“ и на присутните ќе им
подарам ленти кои се симбол на мојата земја Русија“.

Градоначалникот Јованоски организираше прием за учесниците на меѓународниот детски музички фестивал „Ѕвездички“

„Се викам Ајпара Шакиева, доаѓам од Казакстан. Се чувствувам многу убаво,
долго се подготвував за доаѓањето тука, снимив нова песна со која ќе се
претставам на фестивалот. Мојата песна се вика “Јас сум среќно дете“, пеам
од моите 5 години, а веќе имам 11“, вели учесничката од Казакстан.

Основна цел на фестивалот е да создаде пријателски врски помеѓу децата од
различни етнички и верски средини и да ги стави во пракса принципите за
заедничко живеење, меѓусебна толеранција и разбирање, како и надминување
на културните разлики помеѓу децата од целиот свет.

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …