• Импресум
  • Контакт
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      Градоначалникот Јованоски во посета на Дневниот центар „Ѕуница“

      26/3/2018
      Македонија
      Градоначалникот Јованоски во посета на Дневниот центар „Ѕуница“

      Пред завршувањето на проектот „Општинско корисна работа“, градоначалникот Илија
      Јованоски денеска го посети Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“. Покрај средбата со двете ангажирани лица кои работат како психолози, а се дел од проектот, од име на локалната самоуправа, градоначалникот на Дневниот центар му донираше нагледни средства.

      „Општина Прилеп по четврт пат во 4 институции од нашиот град го имплементира проектот „Општинско корисна работа“. Со финансиска поддршка на УНДП, Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика, во 4 организации привремено се вработени 15 лица, од кои 7 во детските градинки, 5 во домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“, 2 во Дневниот центар „Ѕуница“ и едно лице во ООУ „Добре Јованоски“. Се надевам дека со помош на УНДП, проектот ќе продолжи и понатаму да се имплементира и дека ќе најдеме заеднички јазик со вработените, со цел да нема прекин на континуитетот во нивната работа“, изјави градоначалникот Јованоски.

      „Ние сме многу задоволни од текот на проектот. Стекнавме практични знаења кои ќе ни помогнат при вработувањето. Исто така, се надеваме дека проектот ќе продолжи бидејќи мислиме дека многу помогнавме во оспособувањето на децата, со кои работевме и индивидуално и групно“, вели психологот Елена Милеска, која заедно со нејзината колешка Катерина Кировакова, 6 месеци работеа со штитениците на Дневниот центар.

      И во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа се задоволни од постигнатите резултати и, воедно, се надеваат дека имплементацијата на проектот ќе продолжи.
      „Задоволство е да ги оценуваме резултатите на „Општинско корисната работа“ која овде, во оваа наша установа, со двајца психолози во период од 6 месеци споделувавме искуствени знаења, кои понатаму и ним и нам ќе ни користат во работата. Благодарни сме на политиките на локалната самоуправа која ни го овозможи ова, заедно со Министерството за труд и социјална политика, УНДП и Агенцијата за вработување. Се надевам дека и во наредниот период истата оваа работа, на ваков или уште подобар начин, ќе се повтори“, истакна Живко Силјаноски, вд директор на прилепскиот Меѓуопштински центар за социјална работа.

      Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“, го посетуваат 20 штитеници. Проектот има за цел преку општинско корисна работа да се обезбедат поквалитетни социјални услуги за граѓаните на локално ниво и, истовремено, да им се овозможи на невработените лица да стекнат работно искуство и подобри квалификации, со што ќе станат поконкурентни на пазарот на труд и ќе им се зголемат можностите за вработување.

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Крушево прераснува во Мека за параглајдеристите
      Следно
      Крушево прераснува во Мека за параглајдеристите
      Сачевалиев сведочеше дека го наведувал Заев
      Претходно
      Сачевалиев сведочеше дека го наведувал Заев

      Слично

      • 23/4/2018

        Премиера: „Пиреј“ на сцената на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

        Премиера: „Пиреј“ на сцената на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“
        23/4/2018

        За да излезе од притвор Митко Чавков дал гаранција во

        За да излезе од притвор Митко Чавков дал гаранција во недвижен имот
        23/4/2018

        ЈКП „Комуналец“ ги расчистува дивите депонии

        ЈКП „Комуналец“ ги расчистува дивите депонии
      • Не се гледа крајот на реконструкцијата на стадионот во Прилеп
        Не се гледа крајот на реконструкцијата на стадионот во Прилеп
        18/4/2018
      • Прилеп: Советниците дадоа виза за изградба на регионална депонија
        Прилеп: Советниците дадоа виза за изградба на регионална депонија
        10/4/2018
      • Чекајќи го подоброто утре…
        Чекајќи го подоброто утре...
        7/4/2018

      Најчитани

      • СКАНДАЛОЗНО: НИКОЈ ОВДЕ НЕ Е ВРАБОТЕН ОД ШО Е МНОГУ СПОСОБЕН, ТУКУ ОД ШО Е ПАРТИСКИ ЧЛЕН!
        СКАНДАЛОЗНО: НИКОЈ ОВДЕ НЕ Е ВРАБОТЕН ОД ШО Е МНОГУ СПОСОБЕН, ТУКУ ОД ШО Е
        9/12/2016
      • До УЈП поднесена иницијатива за испитување на имотната состојба на пратеникот Димитар Стевананџија
        До УЈП поднесена иницијатива за испитување на имотната состојба на пратеникот Димитар Стевананџија
        18/8/2017
      • Прва пресуда против прилепскиот градоначалник: Марјан Ристески осуден на парична и на условна затворска казна во траење од 3 месеци
        Прва пресуда против прилепскиот градоначалник: Марјан Ристески осуден на парична и на условна затворска казна
        19/8/2017
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА