Градоначалникот на Демир Хисар пуштен од притвор, но истрагата за заканите продолжува

Градоначалникот на Демир Хисар пуштен од притвор, но истрагата за заканите продолжува

Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски беше приведен во полициска станица на информативен разговор, бидејќи им се заканувал на вработените во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори.

Тој изјавил дека снимката која се појавила на интернет е од протест во ОУ „Гоце Делчев“ во Демир Хисар кој се случил во средината на месец јануари 2018 година. Протестот се одржал поради промена на две учителки во други подрачни училишта.

„По насока на Јавно обвинителство во Битола, Стојановски по разговорот е пуштен од полициската станица, а во врска со овој случај ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување“, додаваат од МВР.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …