Градоначалникот на Кисела Вода склучувал договори со роднини, пријатели и медиумски поддржувачи блиски до ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Кисела Вода склучувал договори со роднини, пријатели и медиумски поддржувачи блиски до ВМРО-ДПМНЕ

Изјава за медиуми на Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ 

Почитувани,

Во време на најголема економска и енергетска криза, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо работа и исполнување на ветеното целиот фокус им е ставен на партиски вработувања, трошење пари и полнење на џебовите на нивни роднини и пријатели.

Не може да немаат пари за струја, за парно, за помош на граѓаните среде криза а немилосрдно да ги трошат парите на граѓаните за партиски вработувања и вдомувања на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на своите роднини и пријатели.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, нема свој ниту еден проект досега реализиран. Но затоа има еден куп склучени договори за вработувања, меѓу кои и голем број со авторски договори.

Преку договори со суми од 40 па и од 50.000 денари, парите на граѓаните завршуваат кај членови на ВМРО-ДПМНЕ, нивни роднини, пријатели, па дури и нивни медиумски поддржувачи.

Само во еден месец, ноември 2021 година, Орце Ѓорѓиевски склучил 11 вакви Договори кои се продолжени и во оваа 2022 година.

Славче Трпевски – партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен директор на Катастар, против кого има Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.

Еве го тој договор. На партискиот кадар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓиевски му обезбедил 40.000 денари а има и анекс на Договор.

Наталија Митовска – од порталот Инфомакс, медиум кој е под директна контрола на ВМРО-ДПМНЕ, исто така има Договор со општина Кисела Вода. Со парите на граѓаните очигледно се плаќа пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ и ширењето лажни вести.

Еве го Договорот на Митовска, 24.000 денари месечно, но има и анекс на Договор, како да нешто не било доволно. Исто како Трпески, таа е ангажирана за изготвување Извештај со елаборирање за спроведување програма на месна самоуправа.

Тоа не е се, на списокот партиски договори на Орце Ѓорѓиевски има и роднини и лични пријатели на градоначалникот.

Сара Ѓорѓиевска – роднина, поточно братучетка на градоначалникот, исто така има Договор вреден 30.000 денари.

Прием на странки, телефонски разговори и прием на пошта. Како од цела општина да немало човек за оваа работа па морала братучетката на градоначалникот да биде наградена.

Договор има и за Кирил Митревски, близок пријател на градоначлникот, вреден 50.000 денари но и многу други лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ, како Влатко Стојановски, Кирил Димчевски, Сашо Јовановски, Ленче Алтова и др.

Почитувани граѓани, ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија која криминално влаееше 11 години а ништо не работеше.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ширум државата е слика и прилика што би правеле на централно ниво – партиски вработувања, вдомувања, трошење на парите на граѓаните и неработа.

Градоначалникот на Кисела Вода склучувал договори со роднини, пријатели и медиумски поддржувачи блиски до ВМРО-ДПМНЕ Градоначалникот на Кисела Вода склучувал договори со роднини, пријатели и медиумски поддржувачи блиски до ВМРО-ДПМНЕ

 

Градоначалникот на Кисела Вода склучувал договори со роднини, пријатели и медиумски поддржувачи блиски до ВМРО-ДПМНЕ Градоначалникот на Кисела Вода склучувал договори со роднини, пријатели и медиумски поддржувачи блиски до ВМРО-ДПМНЕ

На работата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, реагираше и Емилија Трајковска, советничка во Советот на Општина Кисела Вода, која во својата изјава рече:

Советничката група на СДСМ во Кисела Вода реагира на скандалозното трошење пари на граѓаните за партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ, медиумски мегафони на опозицијата, роднини и пријатели на градоначалникот.

Ова е недомаќинско и расипничко трошење на општинските пари и дејствување на штета на граѓаните.

Не може да немаат пари за струја, за парно, за помош на граѓаните среде криза а немилосрдно да ги трошат парите на граѓаните за партиски вработувања и вдомувања на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на своите роднини и пријатели.

Ѓорѓиевски одвојува шест милиони денари или околу 100.000 евра за згрижување на свои блиски луѓе.

Затоа, како советничка група денеска на седницата на Советот, преку посебна точка на дневниот ред, ќе побараме овие пари да се пренаменат за справување со последиците од економската и енергетската криза.

100.000 евра за општина како Кисела Вода се сериозна сума на пари со кои може да им се помогне на граѓаните, сега кога е најпотребно во време на огромна криза.

Наместо за непродуктивни трошења парите да завршат кај граѓаните

Очигледно е дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е партија која расипнички ги троши парите на граѓаните и освен што ги партизира општините, ништо друго не работи.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …