Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов си поднесе оставка

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна!“ посочи Папазов

Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани денес си даде оставка од функцијата по катасторфалната трагедија којашто ја потресе целата земја.

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели.“ напиша Папазов на својот Фејсбук профил.

Папазов посочи дека шокот и скршеноста што ги чувствува ќе траат целиот негов живот. Оваа трагедија ги остави Кочани и Македонија во црнина, а празнината што остана е непреболна.

„Барам од сите надлежни институции да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани! Непостапувањето е исто така одговорност. Мора да се истражат сите детали, да се најдат сите пропусти, а сите лица што придонеле кон оваа трагедија мора да одговараат. Јас се ставам целосно на располагање на институциите. Иако според закон немав директни надлежности во овој случај, подготвен сум да одговорам на сите прашања за сè, како и за моите лични постапки.“ нагласи Папазов.

Папазов ја информираше јавноста дека во овие моменти, мора се покаже доблест, да се манифестира црлосна одговорност и да се покаже разлика во начинот на постапување. Со нашето однесување мора да дадеме пример дека се спротивставуваме на системот кој не функционира. Доколку постои каков било основ за одговорност кај мене, го повикувам обвинителството да го испита тоа и да постапи согласно законите.

За мене, после оваа трагедија, ништо повеќе нема исто значење! Ова беа наши деца! Многумина, со право, забележаа зошто вчера не излегов во јавност цел ден. Но, тие што ме познаваат знаат колку сум скршен и како го доживувам ова што се случи. Тешко е, и тешко ќе го преживеам.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази

Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази

Соопштение за јавност на СДСМ Наместо вработените во низа институции да слават достоинствено Велигден, тие …