Градот ќе именува нов директор на „Дрисла“ – кривична одговорост за стариот, ако имало криминал

Градот ќе именува нов директор на „Дрисла“ – кривична одговорост за стариот, ако имало криминал

Градот не ја отфрла можноста за поднесување на кривични пријави доколку се докаже дека имало незаконито работење и постапување со отпадот на градската депонија „Дрисла“, изјави денес првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов на прашањето што доколку вмешаноста на досегашниот директор на скопската депонија, Горан Ангелов, во аферата со нелегален увоз на отпад во соседна Бугарија била поврзана и со нелегално депонирање и горење отпад.

Скопскиот градоначалник и денес упати апел до надлежните институции и до граѓанските иницијативи заедно да ги истражат информациите поврзани со рааботењето на „Дрисла“.

Тој, меѓутоа, не сакаше да го каже името на новиот директор на депонијата и најави дека утре ќе го соопшти новото кадровско решение за директорскaта позиција во санитарната депонија „Дрисла“, откако претходно ќе бидат доставени документите до Централниот регистар за промената.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …