Градската болница „Борка Талески“ во Прилеп доби донација од болнички кревети

Градската болница „Борка Талески“ во Прилеп доби донација од болнички кревети

Градоначалникот Илија Јованоски, денеска присуствуваше на примопредавање на 44 електрични кревети од страна на меѓународната организација „Пламен на мирот“ од Виена, меѓународната невладина организација суверен болнички ред „Свети Јован од Ерусалим” и Ротари клубот – Прилеп. Освен  кревети донираа и кебиња и чаршави за потребите на градската болница „Борка Талески“ во Прилеп. Оваа донација е од огромна важност за  болницата  бидејќи со неа ќе се подобрат условите за хоспитализираните пациенти.

„Во ова прилика сакам да им се заблагодарам на донаторите за денешната донација во општата болница во Прилеп, на организацијата Пламен на мирот, Ротари клубот од Прилеп кои донесоа околу четириесетина болнички кревети од Лондон. Јас како градоначалник секогаш ќе се залагам за каква било донација што ќе им служи на граѓаните од Прилеп и на нашата општа болница. Сакам во оваа прилика да посочам дека, јас доаѓам од оваа општа болница и секогаш овде се чуствувам како домаќин и сето она што е подарено или донирано во оваа општа болница ќе го прифатам. Овие организации се пријатели на нашата општа болница донираа и порано, имено Ротари клубот донираше болничко возило што се користи. Се надевам дека оваа практика на донирање ќе продолжи и во наредниот период“, истакна градоначалникот Јованоски.

Градската болница „Борка Талески“ во Прилеп доби донација од болнички кревети

„Кревети недостасуваат секогаш и затоа оваа донација е многу корисна за нашата болница. Посебно во одделенијата каде што има потреба од тоа пациентите да се сместат во одредена позиција. Станува збор за електрични болнички кревети кои го подобруваат престојот на пациентите во болницата“, посочи д-р Богоески, директор на градската болница „Борка Талески“

Во име на меѓународната организација „Пламен на мирот“ се обрати претседателот Никола Блајбершник.

„Уште истиот момент, заедно со секретарот на локалната организација Пламен на мирот во Македонија, Жан Станоевски, одлучивме да се вклучиме во реализација на проектот преку нејзино прифаќање и транспорт до болницата во Прилеп. Притоа, добивме огромна помош од спонзорите и помагателите за покривање на трошоците за успешно реализирање на целокупната операција“, посочи Блајбершник.

Донацијата е вредна околу 40 илјади евра, а проектот за донирање на електрични болнички кревети бил почнат уште во декември 2017 година, кога суверениот болнички ред „Св. Јован од Ерусалим“ најавил дека има контингент користени болнички кревети од болница „Свети Џорџ“ од Лондон.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …