• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      Градски превоз ќе има, надлежните органи да го испитаат финансиското работење на раководната структура од ВМРО-ДПМНЕ

      26/7/2018
      Прилеп
      Градски превоз ќе има, надлежните органи да го испитаат финансиското работење на раководната структура од ВМРО-ДПМНЕ

      „Во Прилеп ќе има јавен градски превоз со квалитетни и безбедни возила. Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови од Прилеп почна постапка за јавна набавка на 4 нови автобуси. Во меѓувреме до завршување на тендерот, работиме на репарирање на 4 крајно амортизирани од вкупно 10 автобуси, коишто  ги набавила по половни цени претходната локална гарнитура. Проблемот со градскиот превоз ќе го решиме трајно. Нема да дозволиме никој да се богати на сметка на граѓаните, создавајќи илузија дека во Прилеп има градски превоз“, изјави на денешната прес конференција Марија Цветаноска, в.д. директорка на ЈП за ПУП.

      Цветаноска истакна дека за набавка на 10-те автобуси биле потрошени околу 7.5 милиони денари, а дека за нивна поправка биле вложени огромни суми народни пари. При тоа, поправките се правеле по екстремно високи цени, се набавувале гуми по цена од 17.200 денари, иако истите во малопродажба можеле да се купат за 4.000 денари помалку .

      „Од друга страна, претпријатието има еден механичар, а нема гаража за сервис на автобусите. Како последица на ова, биле трошени пари за други механичари, плаќани суми на механичарски работилници, вршени набавки на делови, а некој од сето ова ќарел. Ги повикуваме надлежните органи, да извршат детална проверка на финансиското работење на претходната раководна структура од ВМРО-ДПМНЕ, во ЈП за ПУП“, истакна на денешната прес конференција в.д. директорката на ЈП за ПУП, Марија Цветаноска.



      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Променливо облачно, попладне пороен дожд
      Следно
      Променливо облачно, попладне пороен дожд
      Османи: Во септември се отвора Поглавјето 23, за правосудство и основни права
      Претходно
      Османи: Во септември се отвора Поглавјето 23, за правосудство и основни права

      Слично

      • 21/2/2019

        Прилепски „Комуналец“ активно работи на расчистување на дивите депонии

        Прилепски „Комуналец“ активно работи на расчистување на дивите депонии
        15/2/2019

        Се подобруваат условите за престој на децата во објектите на

        Се подобруваат условите за престој на децата во објектите на ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп
        15/2/2019

        Заради санација на дефекти, денеска делови од Прилеп ќе имаат

        Заради санација на дефекти, денеска делови од Прилеп ќе имаат нарушено водоснабдување
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      • На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА