Граѓаните на литванскиот град Вилнус и полскиот Љублин се поврза преку „портал“

Граѓаните на литванскиот град Вилнус и полскиот Љублин се поврза преку „портал“

радовите Вилниус во Литванија и Љублин во Полска со иновативно решение ги зближуваат своите граѓани кои повеќе од една година, поради пандемијата, не можат да патуваат и да запознаваат нови луѓе.

Од главниот град на Литванија соопштија дека во близина на железничката станица е поставен „портал“, преку кој луѓето ќе можат во реално време да контактираат со граѓаните на полскиот град Љублин, оддалечен околу 600 километри. Ист таков портал е поставен и на главниот плоштад во Љублин. Порталите всушност претставуваат големи кружни екрани, на кои се прикачени и камери што постојано емитуваат снимки во живо од двата града.

Футуристичките портали претставуваат дигитален мост помеѓу Вилниус и Љублин, а според нивните создавачи, треба да ги охрабрат луѓето „да го преиспитаат значењето на единството“. Иницијаторот на оваа идеја, Бенедикташ Гилис, проектот го опишува како покана за надминување на предрасудите и несогласувањата кои му припаѓаат на минатото.

„Човештвото се соочува со многу потенцијално смртоносни предизвици, било да е тоа социјалната поларизација, климатските промени или економските проблеми. Меѓутоа, ако погледнеме внимателно, овие предизвици не се предизвикани поради недостаток на брилијантни научници, активисти, лидери, знаење или технологија. Тоа е поради трибализмот, недостатокот на емпатија и тесната перцепција на светот, кој често е ограничен на нашите национални граници“, вели Гилис.

Кружниот дизајн е направен од страна на инженери од Центарот за креативност и иновации при Техничкиот универзитет во Вилниус. На него се работело пет години, а креаторите одлучиле да го постават токму сега, за време на пандемијата, додека движењето на луѓето сѐ уште е ограничено.

Од литванскиот град соопштија дека овој портал е само почеток и дека наскоро Вилниус ќе постави нови портали кои ќе бидат поврзани со десетици други градови низ Европа и светот.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …