Граѓаните разочарани од одлоговлекувањето на датумот од ЕУ

Граѓаните разочарани од одлоговлекувањето на датумот од ЕУ

Некои од граѓаните се свесни дека на домашен план имаме големи слабости во многу области, меѓутоа, според нив, отворањето на преговорите со ЕУ би ја придвижило земјата напред. Не добивање на датум, според експертите, може да потикне нов баран на иселување особено на младите.

Граѓаните со интересирање следат што се случува во Брисел откако минатата недела Европската Комисија даде јасна препорака за отпочнување преговори со нашата земја. Пред јунскиот совет на министри на ЕУ кој треба да одлучи кога земјава ќе добие датум за преговори, граѓаните се скептични дали тоа ќе се случи ова лето.

Некои од луѓето се свесни дека на домашен план имаме големи слабости во многу области, меѓутоа, според нив, отворањето на преговорите би ја придвижило земјата напред.

Голем дел од младите условите за подобар живот ги поврзуваат со членство во ЕУ и оттука, дел од луѓето коментираат дека евентуалното недобивањето на датум ќе предизвика разочарување особено кај нив. Негативните последици луѓето ги гледаат во тоа што младите ќе продолжат да си заминуваат од земјата во потрага по економска благосостојба . Добивањето на датум за преговори со ЕУ грѓаните го поврзуваат и во пакет како награда за Преспанскиот договор со кој се промени името на земјата, па велат дека отуството на награда за жртвата што ја направи земајта може да се одрази исто така негативно.

Аналитичарите укажуваат дека во јавноста датумот за преговори со ЕУ и членство тесно се поврзуваат со капацитетот на државата и општеството да постигне напредок и прогрес. Поаѓајки од тој став тие велат дека евентуално незапочнување на преговорите кај луѓето во земјава ќе предизвика опаѓање на надежите за остварување на прогрес и напредок. Политичкиот аналитичар Сашо Клековски вели дека негативните последици од нетпочнување на преговорите може да се одразат врз целото општество и да бидат многу длабоки.

„Такавото паѓање на надежта може да доведе до последици и во миграција и во економијата и други аспекти на живеење. Може да потикне нов баран на иселување, особено на младите, зашто ако нема надеж за просперитет во земјата зашто би останале. Песимизмот е поврзан и со помал раст на економија заради намалување на потрошувачката и миграциите“ изјави Сашо Клековски.

Социлогот Ѓорги Тоновски вели дека дека од суштинска важност е да се донесе одлука за определување датум за почеток на пристапните преговори.

„Целата оваа енергија која населенитето ја потроши на она што значи излез од ова изолација во која живееме со децении ќе отиде во воздух, дека залудно сме се радувале на успешните преговори досегашни. Бидејки без тие пристапни преговори може младите до дојдат до заклучокот дека состојбата не може да с е промени и да се најде некакво решние на западот”, изјави Тоновски.

Она што е лошо од еветуално не добивање датум за преговори, Тоновски го поврзува и со можно нарушување на кредибилитетот на ЕУ во очите на граѓаните но и во охрабрување на анти западни движења.

„Тоа ќе го искористат и ќе им дадат сила на анти европските елементи кои се раководени од други центри. Може со одлагање на членството во ЕУ да дојде дури и до паѓања на рејтингот на ЕУ, може кај некои да предизвика размислување од типот, Кај сме? и Никој не сака.“ вели професорот Тоновски.

Земјава е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, а годинешната препорака за почеток на преговори со Европската Унија е десета по ред.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …