Граѓаните се гушат во загаден воздух, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се препукуваат кој е крив

Граѓаните се гушат во загаден воздух, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се препукуваат кој е крив

Жителите на Скопје, а и на останатите градови низ Република Македонија секојдневно се гушат во загаден воздух. Ако излезете надвор од своите домови, освен што ќе наидете на смог и густа магла, ќе почувствувате и печење на грлото, кашлица и отежнато дишење. Додека загадениот воздух е топ тема во медиумите и меѓу граѓаните, а болниците се повеќе се полнат со пациенти, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ секојдневно до медиумите испраќаат партиски соопштенија во кои вината ја префрлаат едни на други и се препукуваат чиј е проблемот со загадениот воздух.

ВМРО-ДПМНЕ не пропушта во соопштението за загадениот воздух да спомне дека оваа власта е неспособна, неодговорна и криминална, дека секојдневно ги завива во црно граѓаните, а Зоран Заев и Петре Шилегов не превземат апсолутно ништо да го сочуваат здравјето на граѓаните од загадениот воздух
Наспроти нив, владеачката СДСМ вели дека на локално и на централно ниво се преземаат мерки за решавање на наследениот проблем со загадениот воздух, но овој проблем бил наследен од ВМРО-ДПМНЕ која го игнорирала.

ВМРО-ДПМНЕ вели граѓаните секојдневно се соочуваат со сериозни последици врз нивното здравје, особено хронично болните, децата и постарите, Зоран Заев и Петре Шилегов не реализираа ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот.

СДСМ, пак истакнува дека презема мерки и дека обновувала дрвореди кои претходно биле исечени од ВМРО-ДПМНЕ и дека меѓу мерките кои ги презема власта се и расчистување на дивите депонии, субвенции за граѓаните кои се греат на печки на пелети, дека се набавувале прочистувачи на воздухот во сите средни училишта во Скопје…

Од ВМРО-ДПМНЕ повторно реагираат на изјавата на министерот Садула Дураки кој вели дека не му е гајле за тужбите што ги спремаат граѓаните против државата и дополнуваат дека Петре Шилегов продолжува со неговите непромислени политики додека Зоран Заев ниту едно ветување за почист воздух не исполни.

Од СДСМ, пак се фалат дека преку Планот за чист воздух кој опфаќа низа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, интензивно се работи на намалување на загаденоста на воздухот во земјава која за две години се очекува да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови.

И додека секое утро партиските соопштенија за тоа кој е крив за загадениот воздух се секојдневие, на граѓаните секојдневие им е загадениот воздух. Додека и едната и другата партија бара кој е виновен за овој сериозен проблем, се чини дека најголем проблем имаат граѓаните кои се гушат и дишат воздух чија загаденост се искачува и пет пати над дозволеното.

За апсурдот да биде уште поголем, Скопје кој се најде на листата на 10 најзагадени градови во Европа, сега е кандидиран за најзелена престолнина во Европа.

За градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов зелена престолнина не е само зеленило тоа е начин на функционирање на градот, сите мерки кои ги преземале во текот на оваа година кои некаде беа добро пласирани некаде не беа добро пласирани.

Извор: МКД

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …