Граѓански организации побараа оставки од Спасовски и директорите на УБК и АР за бегството на Груевски

Граѓански организации побараа оставки од Спасовски и директорите на УБК и АР за бегството на Груевски

Седум граѓански организации денеска побараа оставки да поднесат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Николовски и директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), Зоран Иванов. Невладините порачуваат дека тие лица мора да понесат политичка одговорност за бегството на Никола Груевски.

„Сметаме дека навршувањето на втор календарски месец од бегството е разумен рок за на јавноста да и’ бидат соопштени информации околу истрагите кои се водат како и да се утврдат пропустите на институциите кои што во конкретниот случај биле надлежни да постапуваат. Одолговлекувањето ги подгреа сомнежите на јавноста и дополнително придонесе да се зголеми перцепцијата дека културата на неказнивост опстојува во Македонија. Затоа сметаме дека е неопходно да се преземе политичка одговорност, односно да следуваат оставки“, порачуваат граѓанските организации.

Зад повикот застанаа Институт за демократија Социетас Цивилис- Скопје, Институт за европска политика, Институт за човекови права, Коалиција „Сите за правично судење“, Младински образовен форум, НВО Инфоцентар и Центар за економски анализи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази сериозна загриженост поради директните закани по животот, …