Граѓаните се ограбени од големите трговци со амин на Мицкоски

Граѓаните се ограбени од големите трговци со амин на Мицкоски

Соопштение за јавност на СДСМ

Граѓаните се ограбени од големите трговци со амин на Мицкоски

Наместо намалување на цените и поефтини производи, граѓаните се буквално ограбени од големите трговци и тоа со амин на Мицкоски, кој им дозволи дебело да профитираат врз грбот на народот.

Според проценките на СДСМ, неколку милиони евра вреди грабежот врз граѓаните од страна на големите трговци преку т.н. „кошнички“.

Неколку милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните во изминатиот период, како резултат на оваа лоша политика на Мицкоски.

Штета не може да се надомести, а многу семејства ќе се соочат со економски потешкотии токму во пресрет на новогодишните празници.

Прашањето е што им должеше Мицкоски на трговците, за да им дозволи вака безобѕирно да ги пљачкаат граѓаните?

За само шест месеци од оваа влада, животот на граѓаните се влоши повеќе отколку за време на најголемите економски кризи. Мицкоски се грижи за елитата и неговите бизнис партнери наместо за граѓаните.

Прочитајте повеќе

Богданка Кузеска СДСМ

СДСМ: Сметките горат, владата да ги врати субвенциите за струја и да го намали ДДВ-то

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Покачените сметки за струја за дури 30% се уште …